23.11.2023

Заедно со новакот Ваљмир Какруки, му донесоа уште една победа на чаирскиот состав во дерби дуелот со Пелистер...

ПЕТОРКА НА КОЛОТО: Мофит – екстра профит за Чаир 2030

Осмото првенствено коло е едно од „најсиромашните“ во поглед на некои големи индивидуални бројки. Но извесно е дека уште еднаш, го одбележаа играчи кои доаѓаат од редовите на Чаир 2030. Екипата која држи приклучок со лидерот на табелата – МЗТ Скопје Аеродром.   

ДИВАНТЕ МОФИТ (ЧАИР 2030)

Имаше мала, би се рекло, „пауза“ во изминатите неколку кола, а по оној одличен почеток. И тоа во вистински момент, си чини, за да ја одбрани онаа почетна предност стекната во раната фаза од дуелот со екипата од Битола. Само осум секунди не беше на теренот, дојде до скор од 26.поени, со одлична реализација во шутот од поле (12/14) и две погодени слободни фрлања. Освен тоа додаде и четири асистенции, три скока, две освоени и четири загубени топки – доволно за индекс 28, најмногу во ова коло.

ВАЉМИР КАКРУКИ (ЧАИР 2030)

Не му треба(ше) многу време да си го најде своето место во тимот од Чаир. Веднаш доби (по) голем број на минути, врати на одличен начин. За 34:25 минути, реализираше 16.поени, со само еден нереализиран обид од поле (4/5 за два) и максимални (8/8) за еден поен. Плус и девет скока, три освоени топки, две загубени, по една асистенција и блокада и 27. индексни поени.  

БЛЕЈЗ НИЛД (Н.АКАДЕМИЈА ФМП)

Веројатно, поточно извесно, еден од „факторите“ за првата првенствена победа на „лавовите“ од Кисела Вода во новата сезона. Беше далеку над својот просек на мечот со Кожув.

Постигна 19.поени, макар што дури 12, беа од линијата за слободни фрлања (без промашување). А за 36:41 минута во игра, додаде и седум скока, шест асистенции, и по две освоени, односно загубени топки – и индекс 26.

ЏЕЈЛЕН ИНГРАМ (ГОСТИВАР)

Втор натпревар по ред е едeн од члeновите на идеaлната петорка на Првата лига. Крилниот играч на Гостивар беше на нивото на своите обврски и на средбата со Вардар.

За 28:12 минути на теренот, дојде до дабл-дабл ефект. Изразен преку реализација на 15.поени, одлични (7/8) во обидите за два поени, десет скока, шест успешни додавања до соиграчите, една блокада и три загубени топки, за 24.индексни поени.

МАКСИМ МИТЕВСКИ (ГОСТИВАР)

Потенцијалниот сениорски репрезентативец оствари идентичен ефект како  негов соиграч во бековската линија. Одигра поголем број на минути, 31:29, во кои дојде до учинок од 17.поени (3/5 за три, 4/5 за два поени), седум скока, четири асистенции, две загубени и една освоена топка.

ПРВА ПЕТОРКА

Диванте Мофит (Чаир 2030)

Ваљмир Какруки (Чаир 2030)

Блејз Нилд (Н.Академија ФМП)

Џејлен Инграм (Гостивар)

Максим Митевски (Гостивар)

ВТОРА ПЕТОРКА

Блажо Митков (Вардар)

Ијан Кришнан (Кожув)

Елијан Ифеџе (ТФТ Моцарт)

Самаје Џонс (Феникс 2010)

Дарко Соколов (Еуро Никел 2005)

*Петорките се формираат врз основа на бројот на индексни поени