ФОТО: Демонте Бекингмен одигра одличен меч против Чаир 2030
Петтото коло се оддолжи поради активностите на нашата машка сениорска репрезентација, но и настапот на МЗТ Скопје Аеродром во АБА лигата, па последниот меч се одигра синоќа, а во кој првакот без проблеми го победи повратникот во друштвото на најдобрите – Струмица 2022.
Колото број 5 го одбележаа неколку вобудливи натпревари, пред се оној во СРЦ „Кале“, каде Работнички дојде до првата победа во сезоната, беше подобар од ТФТ.
Во истата сала, нешто порано, играа Феникс 2010 и Чаир 2030, натпревар кој го одбележаа два индивидуални ефекти на играчи од Феникс, 2010 и еден од Чаир 2030.
ДЕМОНТЕ БЕКИНГЕМ (ФЕНИКС 2010)
Играч на ова коло...
Навистина одигра одлично против чаирчани. Застана на ефект од 27.поени, со висока реализација (9/14 од поле) и максимални (8/8) од линијата за слободни фрлања.
А за 34.минути во игра додаде и девет скока, пет асистенции, по една блокада и освоена топка, и две загубени, за највисок индекс - 36
ГИОРГИ КОРСАНТИА (ГОСТИВАР)
И во минатото коло беше во идеалната петорка. Трендот на добри игри искусниот Грузиец го продолжи и на средбата со Навико Академија ФМП Дојде до високи бројки, имаше 28.поени до кои дојде со само едно промашување од игра (13/14) и максимално од линијата за слободни фрлања (2/2).
За нешто повеќе од 31.минута во игра, запиша и седум скока, две асистенции, а единствената, условно кажано, негативност, на овој меч беа неговите пет загубени топки – за индекс 34
ЧАРЛС ФОЛДЕН (ФЕНИКС 2010)
Би се рекло дека веќе фунцкионираат како ударна двојка на Феникс 2010 на почетокот на оваа сезона. Тој е најдобриот поентер во овој петти круг од натпреварите. Постигна 35 против дебитантот во друштвото на најдобрите.
Погоди седум тројки од десет обиди, имаше и високи (5/6) во обидите за два поени и (4/5) од линијата за слободни фрлања, плус и седум скока, но и исто толку загубени топки поради кои и не е најкорисниот играч во ова коло.
Сепак, сето тоа беше доволно за висок индекс – 31.
ПОЛ ЏЕКСОН (РАБОТНИЧКИ)
Веднаш покажа дека ќе биде големо засилување за најтрофејниот наш клуб. Не му требаше многу време да го претстави сиот свој офанзивен потенцијал. Против ТФТ реализираше 34.поени, со висок процент на реализација (3/5 за три, 11/16 за два, и нешто послаби (3/7) на „пенал-линијата“.
За повеќе од 34.минути на теренот во СРЦ „Кале“ дополни со три скока, четири додавања, три загубени и две освоени топки и индекс-29.
ДИМИТАР ПАНДЕВ (МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ)
Повремениот репрезентативец ги искористи сите оние минути кои му ги даде тренерот Александар Петровиќ во обидот да ги одмори репрезентативците на синоќешната средба со Струмица 2022.
Новото име во редовите на шампионот врати со реализација на дабл-дабл ефект, изразен преку 15.поени и 11. скока за 26:44 минути поминати во игра. Високото крило на аеродромци имаше и три успешни додавања, за индекс-28.
ПРВА ПЕТОРКА
Демонте Бекингем (Феникс 2010) 36
Гиорги Корсантиа (Гостивар) 34
Чарлс Фолден (Феникс 2010 31
Пол Џексон (Работнички) 29
Димитар Пандев (МЗТ Скопје А) 28
ВТОРА ПЕТОРКА
Марјан Јанески (Куманово) 28
Јусуф Мохамед (Чаир 2030) 28
Дарко Соколов (Еуро Никел 2005) 25
Предраг Пајиќ (Н. Академија ФМП) 23
Виктор Ефремовски (Гостивар) 22
*Петорките се формираат врз основа на бројот на индексни поени