Формата на Роберт Рикиќ е еден од „факторите“ за успешните игри на „црвено-белите“, кои со успешната резултатска серија се искачија на второто место на табелата...
РОБЕРТ РИКИЌ (РАБОТНИЧКИ)
Највисокиот играч во Првата лига прикажа одлична игра на гостувањето во Кавадарци.
За 26:17 минути во игра, реализираше 18.поени, со одлична реализација во шутот од поле (8/11) и максимална од линијата за слободни фрлања (2/2). Но освен тоа, имаше и 14 скока, од кои скоро половина – 6, беа во фазата на нападот, три асистенции, по една освоена, односно загубена тиопка. За 32. индекс поени, односно најмногу во ова 17.коло.
ДЕЈВИД ИНГРАМ (ГОСТИВАР)
Продолжи со одличните индивидуални настапи. Но за жал, уште еднаш не беше доволно за конечен успех на Гостивар.
На мечот со екипата на ТФТ Моцарт ги одигра сите 40.минути. Притоа стигна до ефект од 31.поен (4/11 за три, 7/10 за два и 5/6 за еден поен). Освен тоа допиша и шест скока, четири асистенции, три освоени топки, две блокади, како и шест загубени топки – за индекс 30!
МАК СМИТ МЕК СВЕЈН (ЕУРО НИКЕЛ 2005)
Крилото на Еуро Никел 2005 беше и најдобриот поединец во домашната екипа на дерби средбата со Работнички. За 37:42 минути поминати во игра, дојде до 29.поени (4/7 за три, 8/12 за два и 1/2 за еден поен), оствари и пет освоени топки, три скока, две асистенции, и две загубени топки со кои „собра“ 29.индексни поени.
БРЕВИН ГАЛОВЕЈ (ЧАИР 2030)
Новиот кошаркар брз се вклопи во играта на Чаир 2030. Го потврди тоа и на гостувањето во Гевгелија, каде реализира и најголем број на индексни поени – 28.
Во победата над Кожув, реализираше 23.поени (шут од игра, 3/5 за три, 6/7 за два и 2/3 за еден поен), но и четири скока. Исто толку асистенции, по три освоени и загубени топки, и една блокада за период од 32:10 минути поминати на паркетот.
ДЕМЕТРИК ТРАЈС (РАБОТНИЧКИ)
Во дербито против Еуро Никел беше вториот играч со „дабл-дабл“ ефект. Беше изразен со 27.поени (4/10 за три, 6/10 за два и 3/3 за еден поен). Но и десет успешни додавања до соиграчите, два скока, две загубени топки и една блокада за 40.минути во игра. Односно, сето тоа заедно за 27 индексни поени.
ПРВА ПЕТОРКА
Роберт Рикиќ (Работнички)
Дејвид Инграм (Гостивар)
Мак Смит МекСвејн (Еуро Никел 2005)
Бревин Галовеј (Чаир 2030)
Деметрик Трајс (Работнички)
ВТОРА ПЕТОРКА
Ледариос Бревер (Охрид)
Страхил Николов (ТФТ Моцарт)
Ваљмир Какруки (Чаир 2030)
Душан Танасковиќ (МЗТ Скопје А)
Квентон Декоузи (Работнички)
*Петорките се формираат врз основа на бројот на индексни поени