Полека но сигурно, Џозеф Рис преминува во еден од главните кандидати во избор за најкорисен играч во Првата лига. Секако четири одиграни кола не се доволен репер за носење на одредени заклучоци, но новиот кошаркар на Феникс 2010 по трет пат во четири викенди има најдобри индивидуални бројки.
ЏОЗЕФ РИС (ФЕНИКС 2010)
На средбата против екипата на Кожув, американското крило ги подобри своите лични перформанси во овој почетен дел од сезоната во Првата лига.
Стигна до индекс 44, најмногу во овие четири одиграни натпревари за новиот клуб. За тоа му беа потребни 34.поени, со повеќе од одлична реализација во шутот од поле (11/13 односно 84%), и 12 реализации од 15. обиди за еден поен. Но и 13. скока, од кои седум во напад, плус и по две асистенции, исто толку освоени, но и загубени топки, и една блокада, за нецели 36.минути во игра.
ТАЈРОН КОРБЕТ (ЧАИР 2030)
И овој кошаркар е еден од оние новите лица во македонската клупска кошарка кои донесоа, барем засега, доста позитивни моменти, секако, кога се говори за квалитетот на неговата игра.
Го потврди тоа и на дуелот со Вардар, а во победата против локалниот ривал, „учествуваше“ со реализација на 25.поени (со само еден нереализиран обид за два поени (11/12), и од линијата за слободни фрлања (3/4), потоа 13.скока (шест офанзивни), и по една блокада, асистенција, освоена и загубена топка, и тоа за само 20:26 минути поминати во игра.
ВИКТОР ЗЛАТЕВСКИ (ГОСТИВАР)
Го одигра својот најдобар натпревар во новата сезона, и тоа во време кога му беше потребно, и тоа како на неговиот тим – Гостивар.
На гостински терен во Охрид, делуваше доста сигурно младиот бек на гостиварци. Иако не беше стартер, тоа не му посмета да има најдобар ефект од сите играчи во екипата од Гостивар. Реализираше 22.поени (1/3 за три, 6/7 за два, и 7/7 за еден поен). Имаше и по четири скока, четири асистенции, четири загубени и две освоени топки за 28:13 минути поминати на теренот во салата „Билјанини извори“.
Сето тоа доволно за индекс-26, и избор во иделната петорка на 4.коло.
БОЈАН ТРАЈКОВСКИ (ФЕНИКС 2010)
Можеби ја игра својата последна сезона во кариерата, но тоа не му смета да продолжи со одличните игри, сега како кошаркар на Феникс 2010. Го реализира тоа и на средбата против екипата од Гевгелија. Силното крило дојде до 27.индексни поени откако за 34:25 минути во игра, постигна 21.поен (4/7 за три, 3/3 за два и 3/5 за еден поен), додаде и седум скока, пет асистенции, имаше и две блокади, една освоена и четири загубени топки.
ДЕВАНТЕ МОФИТ (ЧАИР 2030)
Полека но сигурно, заедно со Корбет, претставуваат носечки двоец во играта на Чаир 2030. Потврда за тоа дојде и на средбата против Вардар, во која чаирчани стигнаа до уште еден триумф.
Би се рекло дека делуваше доста рационално, ако се земе в предвид дека за 23:35 минути во игра, реализира 19.поени (1/3 за три, 7/11 за два и 2/3 за еден поен), шест асистенции, пет скока една блокада и една освоена топка Средбата ја заврши без ниту една загубена, што е вистинска реткост во нашата елитна дивизија, и индекс 25.
ПРВА ПЕТОРКА
Џозеф Рис (Феникс 2010)
Тајрон Корбет (Чаир 2030)
Виктор Златевски (Гостивар)
Деванте Мофит (Чаир 2030)
Бојан Трајковски (Феникс 2010)
ВТОРА ПЕТОРКА
Душан Танасковиќ (МЗТ Скопје Аеродром)
Малком Бернард (Пелистер)
Дејвид Хаутон (ТФТ Моцарт)
Ѓорѓи Зафиров (ТФТ Моцарт)
Фатон Реџа (Чаир 2030)
*Петорките се формираат врз основа на бројот на индексни поени