08.02.2024

На средбата против Гостивар, крилниот играч на Феникс 2010 стигна до индекс 40

ПЕТОРКА НА КОЛОТО: Рис повторно во елитното друштво

Неколку одлични индивидуални остварувања го одбележаа 16. првенствено коло. Но се чини дека во преден план е сепак, враќањето“ на Џозеф Рис во идеалното друштво, она на најдобрите поединци.

ЏОЗЕФ РИС (ФЕНИКС 2010)

Силното крило на Феникс 2010 е одново на она „високо ниво“ на играње кое го следеше во воведниот дел од сезоната. А тоа, паралелно носи и многу подобри резултати за екипата за која што настапува.

За 38. минути во игра, дојде до дабл-дабл изразен со реализација на 27.поени (2/2 за три, 7/11 за два поени, и 7/9 за еден поен), како и десет скока, пет асистенции, четири освоени топки, и по една блокада и загубена топка. Сето тоа за индекс 40, најмногу во оваа првенствена рунда.

НЕДИМ МУСТАФИЦА (ЧАИР 2030)

Уште едно универзално издание на веројатно и најстандардниот играч на екипата од Чаир. Против „лавовите“ од Кисела Вода одигра скоро 32.минути за кои дојде до двоен ефект. Имаше 21.поен (10/13 во обидите за два поени, односно 76% на успешност) додаде уште еден поен од линијата за слободни фрлања. Но тоа го надополни и со 17.скока (три во напад), пет додавања, три блокади, две освоени и четири загубени топки, кои го донесоа до 35 индексни поени!

ДУШАН ТАНАСКОВИЌ (МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ)

Нова добра игра на центарот на актуелниот шампион. На дербито кое всушност беше и една од битките за позицијата број 1, играно во Кавадарци, беше еден од „факторите“ во крајниот исход – триумфот.

Постигна 23 поени, најмногу во победничката екипа, со висока реализација во шутот од поле (10/12 за два односно 83%), плус и (3/5 од линијата за слободни фрлања). Надополнети со девет скока, четири асистенции, две освоени топки и една блокада и една загубена топка за 31:42 минути поминати во игра, и индекс-33.

ДЕЈВИД ИНГРАМ (ГОСТИВАР)

Имаше ефикасен настап на средбата со Феникс 2010 во Скопје, но тоа не беше доволно за конечен успех на неговата екипа.

Реализираше 28.поени (3/6 за три, 6/14 за два и 7/7 за еден поен), но и девет скока, седум асистенции, пет загубени топки, две блокади, една освоена топка за 38:10 минути во игра, и 31 индекс поени.

ДАВЕЛ РОБИ (ЧАИР 2030)

Вториот важен „елемент“ во победата на Чаир 2030 на средбата со Навико Академија ФМП. Статистичкиот приказ вели за 34:25 минути на теренот во салата „Шабан Трстена“ постигнал 22.поени (2/5 за три, 6/7 за два и 4/4 за еден поен), а има и седум асистенции, четири скока, по една блокада и загубена топка. Сето тоа беше доволно за индекс 29.  

ПРВА ПЕТОРКА

Џозеф Рис (Феникс 2010)

Недим Мустафица (Чаир 2030)

Душан Танасковиќ (МЗТ Скопје Аеродром)

Дејвид Инграм (Гостивар)

Давел Роби (Чаир 2030)

ВТОРА ПЕТОРКА

Бојан Трајковски (Феникс 2010)

Деметрик Трајс (Работнички)

Ајрен Брукс (Навико Академија ФМП)

Ледариос Бревер (Охрид)

Александар Костоски (Пелистер)

*Петорките се формираат врз основа на бројот на индексни поени