04.03.2024

Понекогаш, одличниот индивидуален ефект не е гаранција за тимска победа...

ПЕТОРКА НА КОЛОТО: Рис се враќа во старата форма, блиску е и Џелетовиќ, стандардно добри игри на Лајонс...

Доказ(и) имаше во 18. одиграно првенствено коло. Она во кое неколку одлични индивидуални изданија се покажаа како недоволни за конечен успех...

 

ТАЈРИС ВИЛИЈАМС (ГОСТИВАР)

Уште едно одлично индивидуално издание, кое, за жал на екипата на Гостивар, не беше валоризирано со успех. На гостувањето кај Чаир 2030, дојде до 29. индексни поени, најмногу во овој круг од натпреварите.

Имаше и најголем број на реализации во ова коло, дури 36 (шут од игра, 5/11 за три, 9/15 за два и 3/3 од линијата за слободни фрлања). Додаде и седум скока и една асистенција за 36.минути поминати на теренот.

ЈУРЕ ПЛАНИНИЌ (ПЕЛИСТЕР)

Еден индексен поен помалку имаше силното крило на Пелистер. Исто така, на крајот и поразително на гостувањето кај ТФТ во Скопје. Реализираше двоен ефект од 21.поен (8/13 за два и 5/8 за еден поен) и 15 скока (осум офанзивни), како и три асистенции, два освоени и три загубени топки за 34:48 минути во игра.

ЏОЗЕФ РИС (ФЕНИКС 2010)

Многу важен играч во ротацијата на феникс 2010. Кога игра добро, извесно, неговата екипа е многу блиску до успех. Така беше и на дерби дуелот во СЦ „Јане Сандански“ каде го „турнаа“ актуелниот шампион-МЗТ Скопје Аеродром.

Одигра 36:10 минути, ги заврши со одличен индивидуален ефект. Уфрли 22. поени (2/3 за три, 6/8 за два поени, и 4/5 од линијата за слободни фрлања). Но освен тоа придодаде и седум скока, имаше по една блокада и асистенција, но и четири загубени топки, за индекс 25.

ТАЈРОН ЛАЈОНС (ОХРИД)

Двоен скор имаше и кошаркарот на Охрид. Во победата над Еуро Никел 2005, реализираше 14.поени (1/3 за три, 3/3 за два и 5/6 за еден поен) и 13.скока, како и две асистенции за 34.минути поминати во игра.

„Преведено“ во индексни поени, 26.

ЃОРЃЕ ЏЕЛЕТОВИЌ (РАБОТНИЧКИ)

Не го почна мечот со Навико Академија ФМП како стартер, но тоа не му посмета да дојде до двоен учинок, односно да реализира 18.поени (1/1 за три, 5/9 за два и 5/6 за еден поен), 10.скока (четири во фазата на нападот), плус една блокада и едно додавање, а без ниту една загубена топка за 22:29 минути во игра.  Или сето тоа заедно, доволно за индекс-25.

ПРВА ПЕТОРКА

Тајрис Вилијамс (Гостивар)

Јуре Планиниќ (Пелистер)

Џозеф Рис (Феникс 2010)

Тајрон Лајонс (Охрид)

Ѓорѓе Џелетовиќ (Работнички)

ВТОРА ПЕТОРКА

Лазар Димовски (Охрид)

Недим Мстафица (Чаир 2030)

Елајџа Милер (Кожув)

Ваљмир Какруки (Чаир 2030)

Давел Роби (Чаир 2030)

*Петорките се формираат врз основа на бројот на индексни поени