11.03.2024

Новиот играч на гостиварскиот прволигаш имаше одличен индивидуален ефект на средбата со Вардар

ПЕТОРКА НА КОЛОТО: Слејтер „слета“ во Гостивар и донесе важна победа

Не му требаше многу време за „аклматизација“ по преселбата од Гевгелија во Гостивар...

КОЛИН СЛЕЈТЕР (ГОСТИВАР)

На дуелот со Вардар веднаш доби поголем број на минути, врати со реализација на 30.поени и висок процент на реализација од поле (3/6 за три и 6/8 за два поени), како и од линијата за слободни фрлања (9/10), На тоа додаде и шест асистенции, имаше и три скока, и по една освоена односно загубена топка за 34:44 минути во игра.

Или индекс 32, најмногу во ова 19. првенствено коло.

ТАЈРОН ЛАЈОНС (ОХРИД)

Стандардно добрите игри ги продолжи и на средбата против Работнички. За жал, хеговата добра индивидуална игра не беше доволна за успех на неговиот клуб – Охрид.

Ќе остане забележано дека дојде до индекс 30 во дуелот со фаворитот за титулата. Односно дека за 38:34 минути поминати во игра, дојде до дабл-дабл скор изразен со реализација на 22.поени (2/4 за три, 7/11 за два поени и 2/3 од линијата за слободни фрлања). Како и 12. скока (четири од нив во фазата на нападот), две блокади, три загубени и една освоена топка.

РОБЕРТ РИКИЌ (РАБОТНИЧКИ)

Сличен ефект, но на другата, победничка страна, на средбата во СЦ „Билјанини извори“ реализираше високиот центар на Работнички.

Хрватскиот интернационалец дојде до 22.поени, со изврореден процент на реализација во обидите од поле Имаше дури 90% (9/10 во обидите за два поени), дополни со (4/5) од линијата за слободни фрлања. А во тие 28:51 минута допиша уште и шест скока, три асистенции, по една блокада, освоена односно загубена топка, и сето тоа за индекс-30!

МАСК СМИТ МЕКСВЕЈН (ЕУРО НИКЕЛ 2005)

Конечно кавадарчани ставија крај на серијата на неуспешни игри и порази. Во натпреварот со Феникс 2010, уште едно негово одлично издание во оваа сезона.

Остана скоро 32.минути во играта. Притоа дојде до учинок од 22.поени (2/5 за три, 8/9 за два поени), четири скока, две асистенции, две загубени и една освоена топка – или индекс 23.

ДАРКО СОКОЛОВ (ЕУРО НИКЕЛ 2005)

До 23 индексни поени дојде и ветеранот во нашата Прва лига. Беше во улога на стартер, ја искористи да реализира 19.поени (2.3 а три ,3/5 за два и 7/10 за еден поен. И на тој скор да придодаде уште и осум скока, да има и четири асистенции, една блокада и две загубени топки за 34:41 минути поминати на паркетот во салата „Јасмин“ во Кавадарци.

ПРВА ПЕТОРКА

Колин Слејтер (Гостивар)

Тајрон Лајонс (Охрид)

Роберт Рикиќ (Работнички)

Маск Смит МекСвејн (Еуро Никел 2005)

Дарко Соколов (Еуро Никел 2005)

ВТОРА ПЕТОРКА

Амар Хот (Вардар)

Ѓорѓе Џелетовиќ (Работнички)

Јуре Планиниќ (Пелистер)

Бранислав Вујадиновиќ (Кожув)

Кристофер Остен (Гостивар)

*Петорките се формираат врз основа на бројот на индексни поени