13.12.2022

На средбата со Куманово постигна 26.поени, имаше и 11. скока и 10.асистенции, за 38. индексни поени во 9. првенствено коло

ПЕТОРКА НА КОЛОТО: Смит Меквејн во листата на играчи со „трипл-дабл“

ФОТО: Мек Смит Меквејн (Навико Академија ФМП) имаше троен ефект против Куманово

Ретки се моментите, не само во нашиот шампионат, со одлични индивидуални остварувања кои се заокружени со т.н. „трипл-дабл“. А во деветтото коло тоа го реализираше играчот на Навико Академија ФМП.

МЕК СМИТ МЕКВЕЈН (НАВИКО АКАДЕМИЈА ФМП)

Не му беше потребно многу време за да потврди дека може да биде и најголемото засилување за Навико Академија ФМП во битката за погорните позиции на табелата од постоечката. Американецот стана еден од ретките во македонската кошарка кој стигнал до троен ефект.

За 35:45 минути на теренот на средбата со Куманово 2009, стигна до 26.поени (9/11 за два и 5/8 за еден поен). Но, освен тоа имаше и 11. скока и 10.асистенции, „во превод“ доволно за 38.индекс поени, најдобар скор во деветтото коло.      

МАЈРОН ГОРДОН (КОЖУВ)

Американецот во редовите на Кожув, продолжи да го полни кошот на противниците. Најдобриот стрелец во Првата лига, беше и над својот кошгетерски просек на средбата со МЗТ Скопје Аеродром.

Постигна 34.поени, најмногу во овој круг од натпреварите, со висок процент на реализација во шутот од поле (11/16, или 68%), одлични (9/10) од линијата за слободни фрлања, плус и четири скока и две асистенции за 36:23 минути во игра – и индекс 30.

ЛУВЕЈН ПИПКИНС (ГОСТИВАР)

Имаше еден поен помалку за својот Гостивар, но недоволно да се стигне до победа на гостувањето во Кавадарци. До 33. поени, Пипкинс стигна откако постигна шест тројки, имаше и шест скока, но и шест загубени топки, а ги одигра, неверојатно, сите 45.минути во „Јасмин“ каде Еуро Никел 2005 славеше по продолжение од пет минути.

Се заедно - 30.индексни поени.

ЧЕНДЛЕР ЏОНС (НАВИКО АКАДЕМИЈА ФМП)

Беше одлична поддршка за својот соиграч Смит Меквејн. во победата над Куманово. Со сосема добар процент на реализација (53% од поле), стигна до 23. поени, а освен тоа додаде и девет скока, четири асистенции, и имаше само една загубена топка за 34:50 минути поминати на теренот во салата „Перо Наков“ во Куманово, или 27. индекс поени.

ВОЈДАН СТОЈАНОВСКИ (МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ)         

Го повлече својот тим кога беше потребно на гостувањето во Гевгелија. Капитенот на нашата сениорска репрезентација одигра во тој стил и го донесе МЗТ Скопје до планираните бодови во дуелот со Кожув. Постигна 21.поен, со 60% на реализација во шутот од поле, плус 7/8 од линијата за слободни фрлања, дополнети со шест успешни додавања до соиграчите три освоени топки и еден скок за 24:18 минути.

 

ПРВА ПЕТОРКА

Мек Смит Меквејн (Навико Академија ФМП)       38

Мајрон Гордон (Кожув) 30

Лувејн Пипкинс (Гостивар)       30

Чендлер Џонс (Навико Академија ФМП)    27

Војдан Стојановски (МЗТ Скопје Аеродром)         26

ВТОРА ПЕТОРКА

Марјан Јанески (Гостивар)        26

Дарко Соколов (Еуро Никел 2005)    25

Бранислав Ѓекиќ (Еуро Никел 2005) 25

Максим Митевски (Гостивар)  25

Александар Костоски (ТФТ)      21

*Петорките се формираат врз основа на бројот на индексни поени