Тројца домашни и двајца странски кошаркари се дел од идеалната петорка на 20. првенствено коло.
А уште еднаш во оваа сезона, Гиорги Корсантиа (Гостивар) покажа дека со право конкурира и за наградата за најкорисен играч во регуларниот дел од сезоната во Првата лига.
ГИОРГИ КОРСАНТИА (ГОСТИВАР)
Високиот Грузиец во Гостивар имаше уште едно одлично индивидуално издание. На средбата против Еуро Никел 2005, која гостиварци ја решија со плус од 20 поени, Корсантиа реализираше висок дабл-дабл ефект. Изразен со 24.поени (шут за два поени 10/13), но и 15.скока (три офанзивни), како и четири освоени топки, две асистенции и една загубена топка за нецели 31.минута во игра.
Односно 38 индексни поени, најмногу во овој 20. круг од натпреварите.
АНДРЕЈ МАСЛИНКО (ПЕЛИСТЕР)
Вистински потег, се чини беше неговиот „зимски трансфер“ од Гостивар во Битола. Репрезентативното крило одигра уште еден одличен натпревар за Пелистер. Во триумфот над Феникс 2010 имаше супер-старт, и на крјаот „се вгради“ со 28.поени (1/2 за три, 10/12 за два и 5/6 за еден поен), псум скока, една освоена топка, едно додавање за 37:10 минути поминати на теренот. И индекс 34, втор најдобар во колото.
ЃОРЃЕ ЏЕЛЕТОВИЌ (РАБОТНИЧКИ)
Трета недела по ред високото крило на Работнички е во изборот на најдобрата петорка. Делуваше констатно добро и на мечот со Чаир 2030, по кој неговата екипа направи „скок“ на првенстевната табела.
За 34:53 минути на теренот во СРЦ „Кале“, неговиот ефект изразен со 23.поени (2/5 за три, 7/8 за два и 3/3 за еден поен), осум скока, три асистенции, две блокади и една загубена топка, беше доволен за индекс 31!
АЛЕКСАНДАР КОСТОСКИ (ТФТ Mozzart)
Играта на ТФТ никако не може да се замисли без „присуството“ на искусниот организатор на играта. Кога е тој на своето препознатливо ниво, нема проблеми за „црно-белите“. Така беше и на средбата со „фенерџијата“. Онаа во која оствари ретко виден ефект На 16 поени (4/8 за три и 4/4 за еден поен), екс-репрезентативецот на Македонија додаде и 14.успешни додавања, а имаше и шест скока, како и две освоени и три загубени топки за 29.минути во игра, доволни за 31 индексен поен!
ВИКТОР ЕФРЕМОВСКИ (ГОСТИВАР)
Одамна се етаблира себеси како еден од носителите на играта на Гостивар. А репрезентативниот бек го потврди тоа на натпреварот против кавадарчани. Дојде до двоен ефект, потошно кажано, постигна 17.поени, даде пет тројки (од седум обиди), погоди уште две слободни фрлања. Но затоа пак добрата игра ја надополни и со 11 додавања до соиграчите, плус и четири скока, две освоени и една загубена топа за 32:20 минути на паркетот во „Младост“.
И индекс 30, доволно за избор во идеалните пет на ова коло.
ПРВА ПЕТОРКА
Гиорги Корсантиа (Гостивар)
Андреј Маслинко (Пелистер)
Ѓорѓе Џелетовиќ (Работнички)
Александар Костоски (ТФТ Mozzart)
Виктор Ефремовски (Гостивар)
ВТОРА ПЕТОРКА
Бредли Обиквелу (Струмица 2022)
Ѓорѓе Мариновиќ (Навико Академија ФМП)
Маск Смит Мексвејн (Навико Академија ФМП)
Кени Карпентер (Пелистер)
Арсение Вучковиќ (Гостивар)
*Петорките се формираат врз основа на бројот на индексни поени