По втор пат во две одиграни кола, Ландриус „Зое“ Хортон покажа дека можеби оваа сезона ќе биде лидер на изменетиот состав на ТФТ.
Американскиот бек одново одигра одличен натпревар, сега против екипата на Еуро Никел 2005. Направи висок дабл-дабл ефект, изразен преку реализација на 23.поени, и за бек, скоро неверојатни 15.скока за повеќе од 37.минути во игра.
Сето тоа за индекс 28!
Веднаш до неговиот е ефектот на еден новак во друштвото на најдобрите. Исаја Мандерсон беше движешка сила на Ангели во дуелот со МЗТ Скопје Уни Банка. Но на крајот, неговите 27 индексни поени (21.поени и 10.скока), не се покажаа како доволни за успех на неговата екипа.
Одлично индивидуално издание, но без краен ефект, имаше и Кирил Николовски. Поранешниот репрезентативец, сега играч на гевгелиски Кожув собра 25.индексни поени на средбата со МЗТ Скопје Аеродром.
Имаше најголем број на реализации во ова коло, 29, со висок процент на успешност (11/20 од поле и 3/3 од линијата за слободни флања).
Еден индексен поен повеќе имаше новиот играч на Гостивар, Ејасу Ворку. На средбата против Куманово 2009, за нецели 35.минути, реализираше 20.поени, имаше и седум скока и пет асистенции, за индекс -26.
Најдобрите пет индивидуални остварувања се заокружуваат со Кахем Рансом. Новото лице во екипата на МЗТ Скопје Уни Банка беше на својата задача во дуелот со Ангели. Освен 17.поени, додели и девет асистенции, пет скока и четири украдени топки – индекс 25.
ПРВА ПЕТОРКА
(според бројот на индексни поени)
Ландриус Хортон (ТФТ) 28
Исаја Мандерсон (Ангели) 27
Ејасу Ворку (Гостивар) 26
Кирил Николовски (Кожув) 25
Кахем Рансом (МЗТ Скопје Уни Банка) 25
ВТОРА ПЕТОРКА
Стефан Крстајиќ (Навико Академија ФМП) 22
Максим Митевски (МЗТ Скопје Уни Банка) 22
Андреј Митревски (Феникс 2010) 21
Александар Тодоровиќ (Гостивар) 20
Игор Кесар (Пелистер) 20