По втор пат во само три одиграни кола, американското крило има најдобро индивидуално постигнување кое му го носи епитетот за најкорисен играч.
ЏОЗЕФ РИС (ФЕНИКС 2010)
Можеби имаа нешто „полесен противник“ на другата страна на теренот, но тоа не му посмета да продолжи со добрите игри. Или подобро кажано, крајно „рентабилна“ беше неговата изведба против младиот состав на Академија ФМП.
Одигра нецели 30.минути во кои реализираше дабл-дабл ефект од 26.поени (шут 9/13 од поле и 8/11 за еден поен), 11 скока (шест офанзивни), четири асистенции, три освоени топки и една загубена, за индекс – 36.
ТАЈР КОРБЕТ (ЧАИР 2030)
Чаирчани ја реализираа најважната победа во овој круг на натпреварите му го нанесоа првиот пораз на Работнички во новата сезона.
А Корбет стигна до едно слично остварување како играчот на Феникс 2010. Имаше двоен ефект, изразен со реализација на 25.поени (3/5 за три, 7/12 за два и 2/6 за еден поен), плус 11.скока, две асистенции, две блокади и една загубена топка за 37:32 минути, и индекс 28.
ДУШАН ТАНАСКОВИЌ (МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ)
Дабл-дабл остварување имаше и Душан Танасковиќ, но тоа не беше доволно за неговиот тим, МЗТ Скопје Аеродром да го добие дерби дуелот од 3. коло против Пелистер.
На дуелот со Битола, српскиот репрезентативец постигна 17.поени (7/11 за два и 3/5 за еден поен). Имаше и десет скока (шест од нов офанзивни), три асистенции, две освоени и една загубена топка за 34:39 минути, а сето тоа доволно за 26.индексни поени.
МАЛКОМ БЕРНАРД (ПЕЛИСТЕР)
Да не беа шестте загубени топки, извесно е дека бекот на Пелистер ќе конкурираше и за главната награда – играч на колото број 3. Вака неговиот учинок во дербито со бранителот на титулата се граничи со место во идеалните пет. За 33 минути во игра, реализираше 21.поен (3/6 за три, 4/5 за два и 4/5 за еден поен), плус и девет скока, четири успешни додавања, две освоени топки – и индекс 25.
ДЕЈВИД ХАУТОН (ТФТ МОЦАРТ)
Покажа дека ќе биде од голема помош за тимот од Тафталиџе во моментите кога го немаат на располагање Двејн Морган.
Одигра перфектно во нападот на средбата со Вардар. Ги погоди сите седум обиди од поле, имаше и едно успешно реализирано слободно фрлање, за нецели 22.минути додаде и шест скока, една асистенција, една блокада и една освоена топка. Сето тоа заедно за индекс-24.
ПРВА ПЕТОРКА
Џозеф Рис (Феникс 2010)
Тајрон Корбет (Чаир 2030)
Душан Танасковиќ (МЗТ Скопје Аеродром)
Малком Бернард (Пелистер)
Дејвид Хаутон (ТФТ Моцарт)
ВТОРА ПЕТОРКА
Дарко Соколов (Еуро Никел 2005)
Димитар Иванов (Академија ФМП)
Андреј Маслинко (Пелистер)
Еуген Артисон (Кожув)
Џералд Блекшир (Еуро Никел 2005)
*Петорките се формираат врз основа на бројот на индексни поени