26.10.2021

Играчот на Гостивар имаше 30 индексни поени во победата против Работнички

ПЕТОРКА НА КОЛОТО: Викенд во знакот на Ејасу Ворку

Четвртото коло од Првата лига не донесе некои сензационални индивидуални остварувања. Но сепак, според прикажаното, се издвои ефектот на Ејасу Ворку.

Веројатно во овој момент најдобриот играч на Гостивар дојде до 30. индексни поени во победата на неговата екипа против непоразениот Работнички. За 33:35 минути на теренот, дојде до дабл-дабл ефект од 24.поени, 10 асистенции имаше и четири скока и две освоени топки.  

Зад неговиот, е ефектот на Кахем Рамсон од екипата на МЗТ Скопје Уни Банка. Имаше одлично издание во поразот од екипата на ТФТ. Финишираше со 29.поени, (11/19 шут од поле), шест скока, три асистенции. Но и шест загубени топки за 37.минути на теренот.

Дамјан Стојановски ја пронаоѓа онаа репрезентативна форма. Капитенот на МЗТ Скопје Аеродром беше најзаслужниот за сигурниот триумф во дерби- дуелот со Куманово 2009. Заврши со 25.реализации (7/11 од поле), четѕири скока и две асистенции, сето тоа за само 24:30 минути во игра.

Џордан Калахан имаше свои минути во не баш сјајното издание на Еуро Никел 2005 на средбата со Навико Академија ФМП. Постигна 22.поени, со висока реализација во шутот од поле (8/12 односно 66%), на кои придодаде уште и по два скока, две асистенции и две освоени тoпки за 35:10 минути.  

Идеалната петорка (според бројот на индексни поени), се затвора со Бојан Трајковски. Репрезентативниот капитен и играч на битолски Пелистер, дојде до индекс 23 во победата против Кожув. За многу кратко време на теренот силното крило на „пелистерци“ беше на чекор до двоен ефект. Реализираше 16.поени плус 9. скока.

ПРВА ПЕТОРКА

Ејасу Ворку (Гостивар)    30

Кахем Рамсон (МЗТ Скопје УБ)            27

Дамјан Стојановски (МЗТ Скопје Аеродром)        26

Џордан Калахан (Еуро Никел 2005)  24

Бојан Трајковски (Пелистер)    23

ВТОРА ПЕТОРКА

Игор Кесар (Пелистер)   23

Чез Вилијамс (Кожув)     23

Амар Хот (Феникс 2010) 22

Страхил Николов (ТФТ)  22

Александар Тодоровиќ (Гостивар)    21