„Полесно се дише“ во Гостивар откако во натпреварот на одлука, оној против гевгелиски Кожув, излегоа како победници, и обезбедија место во првата „осумка“ која продолжува во плеј-оф натпреварувањето.
А како некои од најзаслужните во секој случај, е американскиот двоец Вилијамс-Инграм, секако и нивните соиграчи, како на пример Коскоски.
ТАЈРИЗ ВИЛИЈАМС (ГОСТИВАР)
Во вистинско време, негова одлична игра, и што е поважно за екипата, донесе победа која значи опстанок во друтвото на најдобрите, но и шанса во вториот дел од сезоната, да се натпреварува со најдобрата екипа во регуларниот дел.
Доби само мал „одмор“, нецели пет минути. Но тоа не му посмета да биде на чекор дури и до троен ефект, и тоа во вака исклучително важен натпревар во кој влогот беше голем.
За тоа време во игра, реализираше 25.поени (4/6 за три, 4/7 за два и 5/5 за еден поен), десет скока, осум асистенции. И извесно е дека конечниот индекс – 36, ќе беше и повисок да немаше и шест загубени топки, покрај оние три освоени, и една блокада.
ЏЕЈЛЕН ИНГРАМ (ГОСТИВАР)
Не застанува со добрите игри, а така беше и на овој меч во кој неговата екипа обезбеди настап(и) во дигруавањето за титулата. Запиша нови, добри бројки во победата која е можеби и најважната во сезоната. Ги одигра сите 40.минути, реализираше 24.поени (1/5 за три, 9/12 за два и 3/5 за еден поен). На тоа додаде и 15. скока, но и четири асистенции, две освоени топки, една блокада, и една изгубена топка. И индекс 36, идентичен како и неговиот клупски соиграч од Гостивар.
ЏАСТИН РОБЕРТС (НАВИКО АКАДЕМИЈА ФМП)
Не е долго време во составот на „лавовите“ од Кисела Вода. Но сепак, брзо се „аклиматизира“ на условите за игра, што и го покажа на гостувањето во Битола. Беше одличен во оној напаѓачки дел, стигна и до двоен ефект против фаворитот.
Ги одигра сите 40.минути, притоа дојде од ефект од 31.поен (6/8 за три, 5/13 за два и 3/6 за еден поен), 11.асистенции, 6 скока, три загубени топки, една освоена, и една блокада – сето тоа беше доволно за 34. индексни поени.
АНДРЕЈ МАСЛИНКО (ПЕЛИСТЕР)
Го поттурна својот тим кон планираната победа против екипата на Навико Академија ФМП. Имаше и континуитет во играта, особено во поентирањето. На крајот, за 34:15 минути поминати на теренот, застана на бројката од 31.поен (со високи 13/17 реализации во обидите за два поени, и 5/6 од линијата за слободни фрлања). Освен тоа, репрезентативното крило собра и четири скока, имаше и една асистенција и една блокада, или индекс 32!
ХУСЕИН БАЈРАМ (ВАРДАР)
Ивесно е дека го одигра можеби и својот најдобар натпревар во досегашниот дел од кариерата за Вардар како прволигашка екипа. Младиот шутер во составот на „црвено-црните“ го покажа својот напаѓачки потенцијал на вистинското место.
Против актуелниот шампион, на негов терен, во СЦ „Јане Сандански“.
За 36:30 минути во игра, постигна рекордни 29.поени, со висок процент на реализација, особено во шутот за три поени (6/7), половичен за два (4/8) и максимален за еден поен (3/3). Додаде и по четири скока и исто толку асистенции, за 32. индексни поени, и место во идеалната петорка.
ПРВА ПЕТОРКА
Тајриз Вилијамс (Гостивар)
Џејлен Инграм (Гостивар)
Џастин Робертс (Навико Академија ФМП)
Андреј Маслинко (Пелистер)
Хусеин Бајрам (Вардар)
ВТОРА ПЕТОРКА
Тајрон Лајонс (Охрид)
Габриел Коскоски (Гостивар)
Бревин Галовеј (Чаир 2030)
Роберт Рикиќ (Работнички)
Ваљмир Какруки (Еуро Никел 2005)
*Петорките се формираат врз основа на бројот на индексни поени