21.04.2022

Двоецот на Куманово 2009 со најдобри индивидуални бројки во првиот круг од втората фаза од Првата лига-мажи

ПЕТОРКА НА КОЛОТО: Во знакот на Зивчевиќ и Марјановиќ

ФОТО: Андрија Марјановиќ (Куманово 2009) имаше одлично издание во Гевгелија

Нешто „посиромашно“ во однос на претходните кола од онаа регуларна фаза од Првата лига-мажи почна вториот круг, сега поделен на два сегменти. Шест екипи кои ќе се борат за пехарот, и уште шест кои сакаат да побегнат од последните две позиции кои водат во понизок ранг на натпреварување.

Двата најдобри ефекти доаѓаат од играчи на екипата на Куманово 2009. Андрија Марјановиќ и Ненад Зивчевиќ се најзаслужните што кумановските „сино-бели“ победија во Гевгелија против директниот конкурент во битките за опстанок во друштвото на најдобрите-Кожув.

Марјановиќ реализираше 33.поени, додаде и четири скока и една aсистенција за 33:44 минути во игра.

Ненад Зивчевиќ пак застана на бројката од 25.поени (2/3 за три и 7/14 за два поени), дополнети со девет скока и четири правовремени додавања до соиграчите за 38:44 минути на теренот во салата „26.април“.  

Бојан Трајковски имаше уште едно репрезентативно издание во дресот на Феникс 2010, но за жал, тоа не беше доволно да излезат како победници во дуелот со лидерот на табелата – Пелистер.

За 38:14 минути во игра, силното крило дојде до дабл-дабл учинок заокрушен со реализзација на 23.поени и 11 скока, но и четири освоени топки и една асистенција и блокада.

Идентичен број на индексни поени оствари и Стефан Балмазовиќ. Крилото на Работнички ја постигна и тројката за победа против МЗТ Скопје Уни Банка. За ефект од 28.поени (4/11 за три, 6/12 за два и 4/6 за еден поен). За 38:06 минути додаде и седум скока и четири додавања, плус и две освоени топки и една загубена.

До третата победа во првенството, прва во плеј-аут лигата, дојде и екипата на Ангели. А во голема мерка по заслуга на новакот во нивните редови, Немања Каралиќ.

За 25:15 минути против Навико Академија ФМП, реализираше двоен ефект од 14.поени (6/7 за два поени) и 10.скока (четири офанзивни), плус и три асситенции за тоа време во игра.

ПРВА ПЕТОРКА

Андрија Марјановиќ (Куманово 2009)        31

Ненад Зивчевиќ (Куманово 2009)     28

Бојан Трајковски (Феникс 2010)         25

Стефан Балмазовиќ (Работнички)     25

Немања Каралиќ (Ангели)        22

ВТОРА ПЕТОРКА

Оливер Двојаковски (Навико Академија ФМП)   22

Лука Петровски (МЗТ Скопје Уни Банка)     21

Валмир Какруки (Работнички) 21

Филип Бакоч (Навико Академија ФМП)      19

Ландриус Хортон (ТФТ)  18

* петорките се формирани според бројот на индексни поени на играчите