Второто првенствено коло донесе доста добри индивидуални остварувања. А дефинитивно најдоброто дојде од Мајрон Гордон.
Мајрон Гордон (Кожув)
Американскиот бек на екипата од Гевгелија имаше неверојатен настап на средбата со Струмица која неговиот тим ја доби со минимален резултат.
Реализираше, засега, рекордни, 48.поени, тешко достижни за конкуренцијата во Првата лига-мажи, и тоа со доста висок процент на реализација. Погоди три тројки од шест обиди, имаше и 12/17 во обидите за два поени, и 15/71 од линијата за слободни фрлања.
За 37.минути во игра додаде и четири скока и три асистенции, сето тоа за 47. индексни поени!
Јусуф Мохамед (Чаир 2030)
Веќе второ коло по ред, покажува дека е вистинско засилување за новакот во друштвото на најдобрите. На средбата против ТФТ, силното крило на Чаир 2030 запиша 26.поени, со соема солиден процент на успешност, поточно 50% на реализација во шутот од поле, (8/15 за два и 1/3 за три поени) и 7/9 од линијата за еден поен.
Освен тоа имаше и 13. скока (три офанзивни), четири додавања, две загубени и три освоени топки, плус две блокади за 31.минута на теренот во „Кале“.
Или индекс 35, втор најдобар скор во второто коло.
Сеад Хаџифејзовиќ (Пелистер)
Многу добра изведба во второто коло имаше и новакот во редовите на Пелистер, Сеад Хаџифејзовиќ. Силното крило на „зелено-белите“ собра 35. индексни поени во победата против Работнички.
За нешто повеќе од 30.минути, постигна 29.поени, со шут од игра (2/3 за три, 10/13 за два и 3/6 за еден поен), дополнети со девет скока, и по две освоени односно загубени топки.
Синиша Стаменковиќ (Струмица 2022)
Вистинска штета е што неговиот шут за потенцијална победа на Струмица на крајот беше после истекот на времето за крај на натпреварот во Гевгелија.
Но и без тоа Синиша Стаменковиќ беше најдобар поединец во составот на Струмица на дуелот со Кожув.
Дојде до 28. индексни поени откако за 28:39 минути реализираше 22.поени (2/4 за три, 6/7 за два и 4/4 за еден поен), плус и пет скока, четири асистенции, и по една освоена, односно загубена топка.
Бојан Трајковски (Феникс 2010)
Прв натпревар за Бојан Трајковски во новата сезона. Заклучен со сосема добри бројки за некогашниот репрезентативец. За 26:26 минути поминати во игра, силното крило на Феникс 2010 дојде до дабл-дабл ефект, изразен со реализација на 19.поени (8/14 за два поени), 11 скока, но и четири асистенции, една блокада, освоена и пет загубени топки, доволно за индекс-25.
ПРВА ПЕТОРКА
Мајрон Гордон (Кожув) 47
Јусуф Мохамед (Чаир 2030) 35
Сеад Хаџифејзовиќ (Пелистер) 31
Синиша Стаменковиќ (Струмица 2022) 28
Бојан Трајковски (Феникс 2010) 25
ВТОРА ПЕТОРКА
Донтај Карутерс (Пелистер) 25
Андреј Маслинко (Гостивар) 23
Јован Александровски (Чаир 2030) 23
Лувејн Пипкинс (Гостивар) 22
Александар Штерјов (Кожув) 22
*Петорките се креирани според остварени индексни поени