И последното коло од календарската 2023 година во Првата лига, покажа дека екипата од Чаир има сериозно засилување на бековската позиција, и дека ќе биде голем адут и во продолжението на првенството...
ДИВАНТЕ МОФИТ (ЧАИР 2030)
Неверојатно добро прво полувреме имаше на средбата со ТФТ Моцарт. Испорача дури 28 од крајните 34 поени, и повеќе од доволно да биде предводник на идеалната петорка на 13. коло.
На крајот, застана на 34. реализации (шут од игра, 1/1 за три и 12/13 за два поени, и 7/8 од линијата за слободни фрлања). Освен тоа додаде и два скока, две асистенции, една освоена и една загубена топка за само 21:35 минути во кои собра 36. индексни поени.
САМАЈЕ ЏОНС (ФЕНИКС 2010)
Му недостасуваа само три скока за да дојде до троен ефект на гостувањето кај Вардар. За 36. минути во игра, дојде до учинок од 18.поени (9/12 во обидите за два поени), 11. асистенции, седум скока, но и пет освоени, три загубени топки и индекс 34, втор најдобар скор во овој круг од натпреварите.
ЕУГЕН АРТИСОН (КОЖУВ)
За 29 минути во игра, постигна 29. поени на средбата со Еуро Никел 2005. Но на крајот и неговите одлични бројки се покажаа како недоволни Кожув да дојде до победата. Имаше (3/5 во обидите за три поени, 8/11 за два и 4/4 за еден поен), плус и седум скока, две асистенции, сето тоа за 32.индексни поени.
МАРКО БАКОВИЌ (МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ)
Делуваше некако „најстандардно“ на гостувањето на МЗТ Скопје во Гостивар. И на крајот имаше одлични бројки. За 36. минути во игра, оствари дабл-дабл учинок. Реализираше 20.поени (10/13 во обидите вредни по два поени, односно високи 76%). Но освен тоа дојде и до 13. скока, (скоро половина од нив во фазата на нападот), на кои придодаде и по една блокада и освоена топка, доволно за индекс – 27, и место во идеалните пет.
СТЕФАН ГЛИГОРИЈЕВИЌ (ЕУРО НИКЕЛ 2005)
Полека се промовира себеси во член на стартната петорка на екипата од Кавадарци. Второ коло по ред пак е дел од идеалната петорка на Првата лига. Заслужено, ако се земе в предвид дека одигра уште еден сосема коректен, добар натпревар, сега и во Гевгелија. За 37:37 минути на теренот во салата „26.април“ постигна 19.поени, со одлична реализација во шутот од поле (8/9 за два поени). Освен тоа имаше и осум скока, три блокади, две загубени топки и едно успешно асистирање. Или индекс 27, каков што реализираше и на претходниот натпревар.
ПРВА ПЕТОРКА
Диванте Мофит (Чаир 2030)
Самаје Џонс (Феникс 2010)
Еуген Артисон (Кожув)
Марко Баковиќ (МЗТ Скопје Аеродром)
Стефан Глигоријевиќ (Еуро Никел 2005)
ВТОРА ПЕТОРКА
Квентон Декоузи (Работнички)
Тајрон Лајонс (Охрид)
Амар Хот (Пелистер)
Бојан Трајковски (Феникс 2010)
Омотао Огундиран (Н.Академија ФМП)
*Петорките се формираат врз основа на бројот на индексни поени