01.04.2024

Бекот на Гостивар стигна до еден од најдобрите резултати во сезоната, ја заврши со индекс 46!

ПЕТОРКА НА КОЛОТО: За крај, уште една одлична индивидуална креација на Вилијамс

Последното коло донесе уште неколку одлични индивидуалн изведби, а најдобрата, беше онаа на Тајриз Вилијамс, за жал по него и неговата екипа, Гостивар, без краен резултатски, клупски ефект.

ТАЈРИЗ ВИЛИЈАМС (ГОСТИВАР)

Можеби и најдоброто поединечно, негово остварување во текот на регуларниот дел од сезоната. против топ-фаворитот стигна до навистина одлични бројки. Ги одигра скоро сите минути на мечот во СРЦ „Кале“. Реализираше 39.поени, со одличен процент на реализација, особено во шутот за два поени 12/16 (односно 75%), сосема солидни (5/11) во обидите вредни по три поени (45%). Освен тоа имаше и осум скока (пет од нив офанзивни), но и пет асистенции, пет освоени топки, и само една загубена!

За големи 46. индексни поени, еден од најдобрите индивидуални резултати во сезоната.

ЈУРЕ ПЛАНИНИЌ (ПЕЛИСТЕР)

Се мачеа кошаркарите на Пелистер во првото полувреме на гостувањето во Гевгелија. Но сите слаби моменти ги „поправија“ во текот на второто. А голема улога во „камбекот“ имаше токму силото крило во составот кој го предводи тренерот Дарко Радуловиќ.

Одигра скоро без грешка, особено во нападот. Реализираше 24.поени, со само еден нереализиран обид од вкупни 12. Погоди два пати од линијата за три поени, имаше и 90% на реализација во обидите за два поени (9/10). На тоа додаде и осум скока, а за 34:23 минути во игра, имаше и четири асистенции, по една освоена, односно загубена топка, односно високи 35.индексни поени.

МАРКО БАКОВИЌ (МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ)

А крилото на „металците“ го надмина и тоа. Беше максимално прецизен во дуелот со екипата од Кисела Вода, кој му го донесе на неговата екипа првото место по 22. одиграни кола.

За помалку од 20.минути, како стартер, постигна 19.поени, со сите погодени шутеви кои ги упати кон противничкиот кош. Имаше (1/1 за три поени, 6/6 за два поени и 4/4 од линијата за слободни фрлања. Освен тоа додаде и седум скока (три офанзивни), три додавања до соиграчите, две блокади и една освоена топка, за индекс 32!

РОБЕРТ РИКИЌ (РАБОТНИЧКИ)

Ретки се моментите кога највисокиот играч во лигата не е дел од идеалните пет во некое првенствено коло. „Исклучок“ не е ниту последното од првата фаза.

И она што е исклучителна реткост, е дека и Рикиќ одигра беспрекорно во нападот. Одигра нешто повеќе од 25.минути против Гостивар, реализираше високи 20.поени. До нив дојде откако ги погоди сите седум обиди од поле, но и шестте слободни фрлања. Имаше и 11. скока (два во фазата на нападот), две блокади и три загубени топки, и индекс 32!

БРАНИСЛАВ ВУЈАДИНОВИЌ (КОЖУВ)

До 32 индексни поени стигна и новиот играч на екипата од Гевгелија. За жал, по одличното прво полувреме, Вујадиновиќ и неговите соиграчи застанаа во второто и загубија од подобро рангиранито противник.

Но и тој имаше впечатливо индивидуално издание. За 35:30 минути во игра, имаше дабл-дабл учинок од 19.поени (8/9 за два и 1/5 за три поени), 14. асистенции, 7 скока, исто толку загубени и четири освоени топки.  

ПРВА ПЕТОРКА

Тајриз Вилијамс (Гостивар)

Јуре Планиниќ (Пелистер)

Марко Баковиќ (МЗТ Скопје Аеродром)

Роберт Рикиќ (Работнички)

Бранислав Вујадиновиќ (Кожув)

ВТОРА ПЕТОРКА

Андреј Андоноски (МЗТ Скопје Аеродром)

Квинтон Декоузи (Работнички)

Самаје Џонс (Феникс 2010)

Недим Мустафица (Чаир 2030)

Маск Смит Мексвејн (Еуро Никел 2005)

* Петорките се формираат врз основа на бројот на индексни поени