18.11.2020

Во вториот меч од некомплетната програма, Гостивар-Црн Дрим Грин мобил,(109:95)

ПЕТТО КОЛО ОД ПРВАТА ЛИГА-МАЖИ: Гостиварци со „стотка“ до планираната цел

Доста ефикасно во нападот, не толку ангажирано во одбраната, но сепак триумф за кошаркарите на Гостивар против „жилавите“ гости од Струга.

Гостиварци водеа од првата, па се до последната минута, затоа и стигнаа до планираното – двата бода и втората победа во првенството

ГОСТИВАР - ЦРН ДРИМ ГРИН МОБИЛ          109:95

Доста ефикасно, одиграа дoмашните кошаркари во првото полувреме. Во голема мерка и поради индивидуалните квалитет кои ги има Тодоровиќ, кој во тие 20.минути, реализираше 19. поени. Далеку највеќе на двете страни на теренот. Костоски и Мозли имаа по девет на гостиварската страна, додека пак „трилингот“ Клусен-Рос-Деолски искомбинира 29. поени на спротивната.

По израмнетата прва четвртина (26:24), гостиварци стигнаа до солидното водство во втората. И тоа во финалните две минути кога имаа и двоцифрени (51:40), кои со свои поени ги намали Зафиров.

Во третиот дел, стружани дојдоа и до (55:60), но тој нивни напад, со две тројки го одби Костоски. По неговиот 17.поен, во 26.минута, Гостивар одново имаше предност изразена со двоен број на поени (68:57), потоа и уште повисоки, (72:60), за тој дел од играта заврши со резултат (79:69) за домашната екипа.

Слично се одвиваа настаните и во последниот. Екипата од Струга се закануваше, но никако не успеваше да ја симне негативата под шест поени. Кај Гостивар имаше играч (и) кои не им го дозволија тоа. И стигнаа до планираната цел – двата бода од овој натпревар. Имаа дури шестмина со двоцифрен број на поени, а со 28 (и 11.асистенции). ги предводеше Александар Костоски. На другата страна имаше пет, предводени од Рос со 22, и Клусен, кој имаше 21. реализација.

Засега последен од 5. коло, затоа што поради почетокот на подготовките на нашиот национален тим, за квалификациите за Евробаскетот во 2022 година, следува планиран прекин на натпреварите во Првата лига-мажи.

Наредното 6. коло од шампионатот ќе биде на програмата на 5. декември.

Во меѓувреме, ќе се одиграат само некои од одложените натпревари во оваа прва фаза од првенството, помеѓу екипи кои немаат свои претставници во нашата сениорска репрезентација.