Краткоот одмор во шампиоантот им дојде како порачан на кошаркарите на ТФТ. Откако се „наполнија“ со нова енергија дебитантите во нашата Прва лига одиграа одлично. И полесно, дури и од своите очекувања, излегоа како победници во дуелот со екипата на Кожув.
ТФТ – КОЖУВ 83:62
Доста сиромашна, со поени, беше првата четвртина од овој премиерен меч од 5. коло. Двете екипи се мачеа да го пронајдат патот до кошот на противникот. Но во една таква ситуација на теренот, за нијанса подобри беа домашните кошаркари.
На истекот на првиот период, ТФТ водеше со солидни (19:13).
Слично се одвиваа настаните на паркетот во СРЦ „Кале“ и во вториот. Во оној средишен дел, по нерешените (2828), со пет поени по ред „бело-црните“ повторно изградија предност, сега од пет поени (33:28). Амир Смит даде скоро половина од поените за домашната екипа – 15, за која свое деби направи Американецот Ландриус Хортон.
Не застанаа дебитантите во друштвото на најдобрите во обидот да креираат уште повисоко водство стигнаа и до плус 9, (41:32). До истекот на последната минута, и серијата од (14-0), имаа помалку неверојатни, но вистинити (55:34).
За три минути, ТФТ имаше поентерска секвенца од (20-2).
Дури по одморот кошаркарите од Гевгелија почнаа „да играат“. И за нецели седум минути од играта, со своја серија од (14-4), „симнаа“ десет поени од негативата (48:59). До истекот на третиот дел Кожув дојде и до едноцифрен минус (54:62), таа четвртина гостите ја добија со убедливи (20-7), и ја направија последната да биде барме малку поинтересна.
Барем така изгледаше...
За момент, затоа што со, овојпат, мини-серија од шест поени, ТФТ одново обезбеди висока предност, (68:54), потоа и (72:58), на почетокот на 33.минута. Одново Кожув влезе во проблеми со реализацијата. А ТФТ, по тројката на Андерсон, се врати на „старата“ разлика (77:58), на 4:30 минути пред крајот.
Период од играта во кој немаше некои сериозни промени, па нашиот претставник во БИБЛ лигата може(ше) да им се посвети на следните обврски, токму во Лигата на Балканот, каде за два дена ги чека средба со бугарскиот Берое.
Интересно, тројца домашни играчи, Смит, Андерсон и Херис имаа по 23, поени, а најмладиот во тимот, Митревски уште 11. Кај гостите, Максвел даде 17, Караџовски 13, а Симоновски уште 12.поени.
Вториот меч од ова некомплетно петто коло се игра утре вечер. Во Гостивар од 18.часот, гостува екипата на Црн Дрим Грин мобил.