25.11.2019

„Вардарки“ издржаа во Македонска Каменица

ПЕТТО КОЛО ВО ПРВАТА ЛИГА – ЖЕНИ

Дерби дуелот на 5. коло овој викенд се играше во Македонска Каменица. КАМ Баскет беше во улога на домаќин на актуелниот шампион, екипата на Вардар.

Младите домашни кошаркарки пружија жесток отпор на фаворизираниот противник, но на крајот од играта беа поразени со резултат (58:64).

Тоа е првиот пораз за КАМ Баскет од почетокот на шампионатот, по што Вардар останува единствената екипа која ги има сите победи (имаат еден натпревар помалку.

При врвот на табелата останува и екипата на Струга 2009 која во ова коло гостуваше во Кавадарци каде ја совлада Академија Пробаскет со резултат (78:59).

Доволно за ефект (4-1), каков што има и екипата на Бадел 1862 која во овој круг на натпреварите немаше ама баш никакви проблеми против Пантери (102:47).

 

 

ПРВА ЛИГА – ЖЕНИ

РЕЗУЛТАТИ 5. КОЛО

Студент Академија – Крива Паланка       65:64

Бадел 1862 – Пантери 102:47

Баскет КАМ – Вардар   58:64

Патриот 2016 - Трокал           66:38

Гостивар 2009 – Шкупи          77:42

Пробаскет Академија – Струга 2009        59:78

ТАБЕЛА: Бадел 1862 9, Баскет КАМ 9, Струга 2009 9, Вардар 8 (-1), Гостивар 2009 8, Студент Академија 8, Крива Паланка 7, Пробаскет Академија 6 (-1), Шкупи 6, Патриот 2016 6, Трокал 6, Пантери 5