Андреас Заглис, генералниот секретар на ФИБА, испрати писмо после конечната одлука за откажување на Олимписките игри до сите кошаркарски федерации во светот, вклучително и нашата, македонската, во кое се наведуваат некои инструкции кои се однесуваат за натпреварувањата кои се откажани, како и кога е во прашање однесувањето спрема проблематиката околу исплатите на играчите.
Почитуван Претседател,
Почитуван Генерален секретар,
Пред се се надеваме дека во моментот на прием на ова писмо вашите семејства како и целокупната кошаркарска заедница во вашата земја се здрави и сигурни.
Ви се обраќаме како би ве информирале за различните мерки кои ги превземавме во врска со пандемијата на COVID-19.
1.Почитување на одлуките на државните органи
Во овие вонредни околности, кога повеќе од 180 земји членки на ФИБА (до денеска) се превземени мерки во врска со пандемијата, најважно е нашата кошаркарска заедница да биде пример на одговорно однесување.
Се заблагодаруваме што ги следите упатствата на државните органи и ве подржуваме во намерата да обезбедите и останатите членови на кошаркарското семејство го прават истото.
Желбата да се игра кошарка, професионално или аматерски, во овој момент мора да се подреди на потребата за заштита на општото здравје
2. ФИБА натпреварувања
После успешното префрлување на женскиот Олимписки квалификациски турнир од Фошан во Белград, на што повторно им се заблагодаруваме на националните Федерации на Кина и на Србија, голем број на натпревари и сите ФИБА натпреварувања се одложени или откажани со цел сочувување на здравјето и сигурноста на учесниците.
Одложено:
– четири натпревари во квалификациите за ФИБА Азиски Куп 2021
– ФИБА 3×3 Олимписки квалификациски турнир
– ФИБА 3×3 Азиски куп
– ФИБА 3×3 У18 Азиски куп
Откажано:
– ФИБА У16 Азиски шампионат (за мажи и за жени).
На 12. март 2020, кога стана јасно дека појавата на вирусот се претвори во пандемија, ФИБА беше првата меѓународна организација која ги суспендираше своите натпреварувања.
Следниот ден, Бордот на ФИБА Европа одлучи дека трите клупски натпреварувања, ФИБА Евролига, ФИБА Еврокуп за жени и ФИБА Купот Европа оваа сезона да не бидат продолжени.
Во текот на наредните недели ќе биде однесена одлука и во врска со Лигата на Шампионите, како и Лигата на Африка, а по консултациите со националните федерации кои имаат свои претставници во натпреварувањата. Истото се однесува и на суспендираните меѓународни натпреварувања на ниво на Зони.
Важно е да ве потсетиме дека суспензијата на ФИБА натпреварувањата и понатаму важи. Тоа не значи дека подготовките за идните ФИБА натпреварувања се стопирани. Ние сме во постојана комуникација со новните домаќини, го следиме развојот на ситуацијата (промените се секојдневни) и се подготвуваме за настаните кои според ситуацијата се можни.
ФИБА ќе продолжи секојдневно да ја следи ситуацијата, и континуирано да ги следи препораките на Светската здравствена организација, државните органи и Здравствената комисија на ФИБА.
Понатамошни информации ќе ви бидат доставени во текот на следната недела, после состанокот на Централниот Борд на ФИБА по пат на видео конференција.
3. Олимписки игри и Олимписки квалификациски турнири
Меѓународниот олимписки комитет (МОК) издаде ново соопштение.
Со оглед на тоа дека откажувањето на Олимписките игри во Токио 2020 сеуште не е на дневен ред на МОК, почнуваат четиринеделни консултации со Меѓународните организации (вклучително и ФИБА) и други заинтересирани страни во врска со можното одложување.
ФИБА го потсети МОК дека:
1) Здравјето и сигурноста на играчите е приоритет број еден
2) Квалификациите се завршени само во женска конкуренција, а уште шест Олимписки турнири (два за 3Х3 кошарка, и четири турнири во машка конкуренција) следува да се играат.
Ние сме, се разбира, во постојана комуникација со домаќините на Олимписките квалификациски турнири, ги следиме реакциите на различните Олимписки комитети и ќе ве информираме за текот на развојот на настаните.
4. Професионални договори и Кошаркарски Арбитражен Трибунал
Во текот на последните недели, на секретаријатот на ФИБА, во повеќе наврати, му се обратија во врска со договорите за професионално ангажирање, посебно значењето на „виша сила“ која често беше причина за раскин на договорите или непочитување на неговите одредби.
Сакаме да разјасниме, дека во случај на непочитување на финансиските обврски од договорот, како и БАТ клаузулата, Кошаркарскиот Арбитражен Трибунал (БАТ) ќе одлучува као независно тело.
Учеството на ФИБА е ограничено на спорови во врска со премини на играчи и почитување на правосилните одлуки на БАТ.
Понатаму, ФИБА сака да ги повика сите играчи, тренери, агенти и клубови да ја сфатат оваа невообичаена ситуација низ која сите поминуваме, и ги повикува да направат спогодби со меѓусебни отстапки во мерка во која е тоа возможно. Особено е важно за време на овој период да се исцрпат сите можности за спогодбено решавање, а пред спорот да биде предаден на решавање на некој судски орган. Бараме националните федерации и лиги да ги олеснат таквите договори, максимално, во согласност со своите можности, а посебно ако е првенството откажано.
БАТ је информираше ФИБА дека првите случаи во врска со COVID-19 и „виша сила“ ќе бидат решавани по итна постапка, и објавени со пратечко образложение на веб сајтот на ФИБА, се со цел што побрзо да обезбедиме важни упатства за однесување на учесниците во професионалниот кошаркарски спорт.
Почитуван Претседател,
Почитуван Генерален секретар,
Почитувани кошаркарски пријатели,
Како скоро сите активности во нашето окружение, и кошарката е тешко погодена со влијанието на COVID-19 пандемијата.
Пораката на ФИБА е јасна: добробит на кошаркарското семејство е, и мора да биде приоритет број еден. Затоа молиме, останете на сигурно и почитувајте ги советите на Светската здравствена организација и вашите државни органи.
Меѓународната кошаркарска федерација останува со вас во овие тешки и неизвесни времиња.
Иако најголем број на нашите вработени во седиштето, како и во регионалните канцеларии, моментално работат од дома, ќе одржуваме постојана комуникација со вас, и ќе продолжиме да се прилагодуваваме со постојано променливата ситуација која е околу сите нас.
Кошаркарските игре наскоро ќе се вратат. Дотогаш, примете ги нашите најдобри желби за добро здравје.
Искрено Ваш,
Андреас Заглис
Генерален секретар
Оригиналниот документ е на следниот ЛИНК