Кошаркарите на Кожув направија уште еден чекор на патот кон обезбедување на место кое носи опстанок во друштвото на најдобрите екипи во прволигашката конкуренција.
Беа подобар ривал од Вардар во текто на скоро сите 40.минути, и повеќе од заслужено стигнаа до шестито триумф во сезоната која ги доблишува кон крајната цел – опстанокот во Првата лига.
КОЖУВ – ВАРДАР 74:63
Екипата од Гевгелија имаше тројца расположени поентери во овој прв меч од Плеј-аут лигата. Одлично во нападот функционираа Марковиќ, Вујадиновиќ и Милер, кои реализираа 49. од оние 59. екипни поени по три одиграни четвртини во кои Кожув се одвои на двоцифрена позитива, и успеа да ја одржи (59:48) пред оние последни десет решавачки минути.
На почетокот од последната четвртина, серија на „вардарци“ од пет поени, за преполовување на негативата на (53:59).
Но Марковиќ го стопираше тој напад на вардаровите кошаркари. Ја врати предност за Кожув на сосема коректна (62:53). И од тој момент тимот од Гевгелија повеќе не дозволи ново приближување на противникот. На три минути пред крајот, по поените на Пен, предност беше одново двоцифрена (71:60), за истата да биде потврдена и на крајот (74:63).
За голема, многу важна победа за Кожув во трката за опстанок во која сега гевгеличани се на ефект (6-17), односно една победа повеќе во однос на Охрид и Навико Академија ФМП, и дури три пред нивниот вечерашен ривал Вардар (3-20).
Марковиќ реализаше двоен ефект (26.поени и 11. скока), Милер пак финишираше со 19.реализации (пет асистенции), Вуадиновиќ исто така беше со дабл-дабл, но од 14.поени, 10.асистенции, дополнети и со шест скока, а десет поени за Кожув даде и Пен.
Додека пак кај Вардар, Бајрам реализираше 13.поени, Фуџет 11, а Кејс уште десет поени.
ПЛЕЈ-АУТ ЛИГА
РЕЗУЛТАТИ 1.КОЛО
Кожув – Вардар 74:63
Охрид – Навико Академија ФМП 88:93
ТАБЕЛА: Кожув 29, Навико Академија ФМП 28, Охрид 28, Вардар 26;
ИДНО КОЛО (13.04)
Вардар – Навико Академија ФМП
Кожув - Охрид