25.04.2024

Во одлучувачкиот натпревар, славеа победа над директниот конкурент со резултат (85:72) и на коло пред крајот обезбедија опстанок

ПЛЕЈ-АУТ ЛИГА-МАЖИ:  Вардар останува во Првата лига!

Се е решено, екипата на Вардар останува во елитното кошаркарско друштво. Откако во мечот на одлука против директниот конкурент за второто место на мини-табелата во Плеј-аут лигата излегоа како победници.

Беа подобри од екипата на Навико Академија ФМП.

НАВИКО АКАДЕМИЈА ФМП – ВАРДАР          72:85

Одлуката стигна во второто полувреме на дуелот одигран вечерва во салата „Независна Македонија“.

Во првите 20.минути двете екипи се менуваа во водството, а на полувремето Вардар имаше минимална предност (42:41).

Но работите се сменија по паузата од 15.минути.

Во второто полувреме „вардарци“ покажаа дека во овој момент се подобар, поквалитетен тим во однос на оној кој го има Навико Академија ФМП.

Во третиот тпериод ја направија клучната предност. Поведоа „црвено-црните“ со (61:53), но не се задоволија со тоа. Притискаа до самиот крај, и во последната четвртина го скршија отпорот на „лавовите“.

Доволно за најважниот триумф во сезоната кој им носи победа повеќе во однос на Навико Академија ФМП пред последното коло, која е недостижна, со оглед на скорот во меѓусебните дуели во оваа сезона (3-1), и ги остава во друштвото на најдобрите.

До неа ги предводеа Хот со дабл-дабл ефект изразен со 24.поени и 17.скока, Фуџет кој на 21.поен додаде и девет асистенции и пет скока, Кејс кој имаше 15.поени и девет скока, и Атанасов заврши со 13.поени.

Во домашната екипа која со овој пораз се прости од играњето во Првата лига (секако има уште еден меч во оваа конкуренција овој викенд), Петровски постигна 19.поениу, Сантана имаше двоен скор од 12.поени и 11.скока, додека по 12. поени додадоа Ѓурашевиќ и Димитровиќ.

ПЛЕЈ-АУТ ЛИГА

РЕЗУЛТАТИ 5.КОЛО

Навико Академија ФМП – Вардар     72:85

Охрид – Кожув      55:89

ТАБЕЛА: Кожув 36, Вардар 34, Навико Академија ФМП 33, Охрид 32;

ИДНО КОЛО (27/28.АПРИЛ)

Вардар – Охрид

Кожув - Навико Академија ФМП