30.04.2023

Струмица пружи отпор, а одлуката за победникот падна во последниот период, Чаир 2030 слави победа од (95:88)

ПЛЕЈ-АУТ ЛИГА-МАЖИ: Чаирчани направија уште едeн, голем чекор кон опстанокот

Уште еден чекор поблиску до опстанокот е екипата на Чаир 2030 откако славеше победа против аутсајдерот и во мини-табелата на Плеј-аут лигата, Струмица 2022.

ЧАИР 2030 – СТРУМИЦА 2022 95:88

Доста израмнето прво полувреме во кое домаќините повеќе пати имаа предност, не така голема, и сепак достижна за екипата од Струмица. Знаеја гостите и да ја анулираат, дури и да го преземат водството...

Сепак, по петте по ред поени на Мустафица, особено тројката „преку цел терен“, чаирчани заминаа со плус од пет поени (50:45) на одморот.

Тому Мустафица, кој запиша 15.поени, и Цуцковиќ, кој уфрли два повеќе беа креаторите на таа предност за Чаир 2030.

На другата страна, исто така, пооентерски се издвоија двајца кошаркари. Обиквели запиша 17, а Влоканоски, иако мешот го почна од клупата, дополни со уште 13, доволно за тимот од Струмица да држи резултатски прклушк по 20.одиграни минути.   

Слично се одвиваа настаните и во второто полувреме. Во неколку наврати чаирчани знаеја да се „одвојат“. На почетокот на последниот дел имаа и пус од осум поени (76:68). Но упорните гости наоѓаа начин(и) како да се вратат во игра за позитивен резултат. По поентирањето на Абрашев, беа на само „половина кош“ зад домаќините (80:81), а до крајот имаше да се игра уште долги 5:44 минути.

Нивната убава серија, со тројка, ја прекина Цуцковиќ, за (84:80). И с ечини дека тука некаде беше и дефинитивниот крај нa Струмица во обидите да направи изненадување во салата „Шабан Трстена“. По тројката на Американецот Роби, домапшнито тим имаше и десет поени вишок (93:83), недостижно за составот кој го предводи Јорданчо Давитков, и пред кој извесно е, испаѓање од друштвото на најдобрите,  

 

ПЛЕЈ-АУТ ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ 1. КОЛО

Чаир 2030 – Струмица 2022     95:88

Навико Академија ФМП – Куманово 2009 78:68

ТАБЕЛА: Чаир 2030 (6-1), Навико Академија ФМП (5-2), Куманово 2009 (2-5), Струмица 2022 (1-6);

ИДНО КОЛО (06.05)

Куманово 2009 - Чаир 2030

Струмица 2022 – Навико Академија ФМП