Паралелно со возбудувањата кои со себе ги носи плеј-офот, значајни ќе бидат и оние шест кола во плеј-аут лигата. Низ тие шест чекори ќе стане јасно кои две од четирите екипи ќе бидат дел од прволигашката конкуренција и во наредната натпреварувачка сезона.
Јасно е дека со најголеми шанси во доигрувањето влегува екипата на Чаир 2030. Новакот во ова друштво има голема предност во онаа мини-табела. Односно дури четири победи во однос на нивниот противник во првото коло од втората фаза, Струмица 2022. И со евентуална победа во недела навечер од 18.часот во салата „Шабан Трстена“, ќе бидат недостижни за составот од Струмица (има само една победа во ова друштво на почетокот од Плеј-аут лигата).
Ден порано, во исто време (18.часот), Навико Академија ФМП ќе го пречека тимот на Куманово 2009. „Лавовите“ од Кисела Вода ја имаат својата прва меч-топка која ги води кон безбедната зона.
Во пресрет на дуеот во „Независна Македонија“, имаат две победи повеќе (4-2) во однос на екипата од Куманово (скор 2-4). И со евентуална победа, ќе побегнат на скоро недостижна предност која гостите треба да ја стигнат во оние пет преостанати натпревари.
Од друга страна за кумановци овој меч е од оние „да се биде или не“ во кој се пред императив на успех, ситуација која ги прави овие 40. минути и повеќе од интересни за следење.
ПЛЕЈ-АУТ ЛИГА-МАЖИ
ДВОЈКИ 1. КОЛО
29.АПРИЛ (САБОТА)
18.00: Навико Академија ФМП – Куманово 2009
Сала „Независна Македонија“ – Скопје
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/32UP1wO7V2Y?feature=share
30. АПРИЛ (НЕДЕЛА)
18.00: Чаир 2030 – Струмица 2022
Сала „Шабан Трстена“ – Скопје
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/8vBJu0LlHjc?feature=share
ТАБЕЛА: Чаир 2030 (5-1), Навико Академија ФМП (4-2), Куманово 2009 (2-4), Струмица 2022 (1-5);