Трета победа по ред во лигата за опстанок реализираа кошаркарите на Вардар по која го оставија „фенерот“ за некојa друга екипа (Охрид или Навико Академија ФМП), барем по четврттото коло од овој натпреварувачки сегмент од Првата лига.
ВАРДАР – КОЖУВ 82:70
Апсолутна доминација остварија кошаркарите на Вардар во првото полувреме. За добрата игра беа наградени и со голема предност. По 20. минути игра водеа со плус 17.поени, (43:26).
На почетокот на третата четвртина, со серијата од (10-3) гевгеличани како да најавија враќање во натпреварот, кој за нив и нема(ше) некое претерано резултатско значење, со оглед на тоа што на три кола до крајот на Плеј-аут лигата имаа(т) три победи повеќе во однос на трите конкуренти.
Кожув намали на (33:43), а нешто подоцна гевгеличани беа уште поблиску до Вардар (49:55). Но домашните кошаркари имаа добра завршница на третиот период, успеаја да ја вратат позитивата на двоцифрена, и последните десет минути да ги дочекаат со (65:52).
Не застанаа тука, серијата на поентирање ја продолжија со нови девет реализации на почетокот на последната четвртина, за недостижни (74:52), а сега и достижно место кое води кон опстанокот.
Наков реализираше 18.поени (и девет скока), Хот го следеше со 14, Атанасов со 13, а Фуџет со12, реализирани поени. Додека пак во екипата од Гевгелија, 23 поени уфрли Американецот Пен (и маше и девет скока), а Митевски додаде уште 16.
По четвртиот круг од Плеј-аутот, Вардар е на ефект (6-20), додека Кожув е на недостижни (8-18).