Кошаркарите на Кожув се сè поблиску до планирата цел – опстанокот во друштвото на најдобрите. Во рок од една недела победија уште еден конкурент во трката за двете позиции во Плеј-аут конкуренцијата, кои носат гаранција за останување во Првата лига и во наредната натреварувачка сезона.
КОЖУВ – ОХРИД 91:59
Новиот триумф гевгеличани го најавија уште во првите десет минути во кои предводени од расположениот Караколев (реализираше десет поени), обезбедија стартна предност од (22:13).
Во исто, дури и посилно темпо продолжија домашните кошаркари и во вторите десет минути во кои се чини и дека го скршија отпорот на противникот, сериозно ослабен со неиграњето на американскиот двоец Андерсон-Бревер.
За кратко време позитивата ја подигнаа и на повеќе од 20 поени. Во 18.минута имаа двојно поголеми (48:24), за полувремето да го затворат со највисоки (53:25). И да го решат прашањето на победникот.
ФОТО: Филип Данински (КК Кожув - Гевгелија)
А во овој дел од натпреварот, младиот Иванов нанижа одлични 14.поени (имаше максимални, 6/6 во шутот за два поени).
Тој остана и најефикасен играч во домашната екипа, со дадени 18 поени. Три помалку имаше Караколев, Караџовски имаше 14, а Тодоровски уште 10.поени. Кај Охрид, Лајонс даде 14, а Димовски уште 13.поени.
По две одиграни кола во Плеј-аут лигата, екипата од Гевгелија сега е на ефект (7-17) и „побегна“ на два чекори пред тимот од Охрид (5-19)
ВАРДАР – НАВИКО АКАДЕМИЈА ФМП 94:92
Многу поголеми возбудувања имаше на вториот меч од ова второ коло, а се играше „Под Кале“.
Гостите од Кисела Вода се стекнаа со почетно водство. Ја добија првата четвртина со (23:19). И долго време го чуваа тоа водство. Повеќе од 16.минути, се од моментот кога погоди Хот, и донесе „минималец“ за Вардар (33:32), кој до полувремето, со помош која дојде од Лукановски, беше „трансформиран“ во повисоки (43:36).
Но на средина од третата четвртина, Навико Академија ФМП заостануваше само два поени (47:49). Иста беше предноста на домашната екипа и во 28.минута (53:51). Но во последните две блесок на Робертс, кој донесе резултатски пресврт, и предност, сосема солидна, за гостите (62:55).
Со плус од седум поени влезе Навико Академија ФМП во четвртината на одлука. Период во кој гостите имаа и двоцифрена предност од (73:62) во 34.минута, а нешто потоа, и (77:67).
Но во само две и пол минути, „вардарци“, со голема помош од Фуџет, направија серија од (10-0) со која стигнаа до егал-резултат (77:77). Фуџет беше и играчот кој со својот 20.поен. донесе водство за Вардар (78:77), кое за момент со тројка, го „поништи“ Робертс. Но веднаш, со иста мерка врати Наков, за (81:80). Следуваше погодокот на Петровски, а се чини дека тројката на вечерта беше онаа на Хот за (84:82) за Вардар. За да не биде така се погрижи Кејс, кој утна две слободни фрлања, момент кој веднаш го казни Робертс, кој погоди за (84:84) и екстра пет минути.
Во продолжението се разигра и Атанасов, кој со пет поени донесе (89:84) за „црвено-црните“. Неговата серија ја продолжи Хот, за уште повисоки (91:84). Но „одговорот“ го имаше, кој друг, ако не, Робертс, со нови пет поени, за да намали на (89:91). Пајиќ, со тројка, донесе уште понеивесни (93:92) за Вардар. Фуџет беше половичен од линијата за слобогни фрлања (94:92) и му даде шанса на Робертс да направи „мало чудо“. Но не го погоди шутот за победа на гостинската екипа.
Покрај Фуџет, кој го донесе пресвртот во играта на домашната екипа во последната четвртина, Хот имаше дабл-дабл ефект, изразен со реализација на 19.поени и 18.скока. исто толку поени даде Наков, додека Лукановски ги следеше со 15.поени за Вардар.
Со 38 реализирани поени, Робертс го предводеше составот на Навико Академија ФМП на овој меч, во кој Димитровиќ имаше 19, Петровски даде 16, а Ѓурашевиќ уште по 14.поени.
ПЛЕЈ-АУТ ЛИГА
РЕЗУЛТАТИ 2.КОЛО
Вардар – Навико Академија ФМП 94:92
Кожув – Охрид 91:59
ТАБЕЛА: Кожув 31, Навико Академија ФМП 29, Охрид 29, Вардар 28;
ИДНО КОЛО (17.АПРИЛ)
Охрид - Вардар
Навико Академија ФМП – Кожув