Избраниците на тренерот Тони Симиќ ја имаа постојаната резултатска предност, која ја валоризираа во прва победа во Плеј-аут сегментот.
НАВИКО АКАДЕМИЈА ФМП – КУМАНОВО 2009 78:68
Добар дел од работите за овој и тоа како важен триумф домашните кошаркари завршија во првите десет минути. Оние во кои се стекнаа со сосема солдино водство од (21:12), кое до полувремето го покачија и на двоцифрено (42:31)
Тие десет и повеќе поени вишок беа „константа“ и во продолжението на играта во салата „Независна Македонија“. Макар што во третиот дел од играта Навико Академија ФМП се стекна и со уште повисоки (59:45).
Сепак, во последниот дел од играта кумановци успеаја да дојдат на едноцифрен минус. Имаа (60:69), на нешто повеќе од три минути до крајот. Као најава дека крајот може да добие и димензии на драматичен.
Куманово 2009 се доближи и на само шест поени негатива (68:74), кога останаа да се доиграат 1:22 минута. Но немаа доволни сили гостите да направат целосно „враќање“ во овој меч по кој Навико Академија ФМП е уште подалеку во однос на нив.
Има екипата од Кисела Вода ефект 95-2) а Куманово 2009 останува на (2-5) на пет кола пред крајот.
Тешко достижни за кумановските „сино-бели“...
ПЛЕЈ-АУТ ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 1. КОЛО
Навико Академија ФМП – Куманово 2009 78:68
30. АПРИЛ (НЕДЕЛА)
18.00: Чаир 2030 – Струмица 2022
Сала „Шабан Трстена“ – Скопје
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/8vBJu0LlHjc?feature=share
ТАБЕЛА: Навико Академија ФМП (5-2), Чаир 2030 (5-1)*, Куманово 2009 (2-5), Струмица 2022 (1-5)*;