На четири кола пред крајот имаат недостижни пет победи помалку од својот денешен противник, како и од екипата на Чаир 2030.
СТРУМИЦА 2022 – НАВИКО АКАДЕМИЈА ФМП 92:102
Домаќините поведоа со (7-2), но тоа беше безмалку се од нив. Со серија од 12. поени, Навико Академија ФМП премина во водство (14:7), на истекот на првата четвртина, беше слично (26:20). И таа предност гостите од Скопје не ја испуштија до крајот на полувремето (48:41).
Во третата четвртина, домашната екипа успеа да направи пресврт и да поведе со (58:54). Но со серија од осум поени, Навико Академија ФМП го врати водството. На три минути пред крајот „лавовите“ од Кисела Вода имаа и двоцифрен плус од (91:80), стана јасно дека ќе триумфираат.
Смит Мексвејн направи дабл-дабл ефект од 26.поени и 10.асистенции, слично, на другата страна од теренот одигра и Обиквелу кој заврши со 29. поени и 15. скока.
РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 2. КОЛО
Струмица 2022 – Навико Академија ФМП 92:102
Куманово 2009 – Чаир 2030 (во тек)
ТАБЕЛА: Чаир 2030 (6-1), Навико Академија ФМП (6-2), Куманово 2005 (2-5), Струмица 2022 (1-7);