Во последното, шестто коло од Плеј-аут лигата, „вардарци“ стигнаа до убедлив триумф, за второто место на табелата во конуренцијата на четири екипи кои се бореа за опстанок во елитното друштво.
ВАРДАР - ОХРИД 94:62
Се беше јасно и пред одигрувањето на последните 40.минути на сезоната. Стигна и дефинитивната оотврда дека оваа сезона екипата на Вардар заслужи да остане во Првата лига.
Во еден, практично, и ревијален натпревар, во кој шансата да заиграат добија играчи кои имаат многу помала бројка, „вардарци“ беа и повеќе од убедливи.
Стигнаа до висока победа ов која свој „печат“ овој пат ставија момците кои ќе треба да се докажуваат во „црвено-црниот“ дрес и во наредните години. Марко Луканоски реализираше 26.поени и 14. скока, Најков беше исто така „двоцифрен“ кај поените – 17, и скоковите 12, додека Марјановиќ и Митков ги следеа со по 12. реализации.
Во последниот меч за Охрид како прволигаш, Димовски креираше 16. реализации, Стојаноски имаше 15, а Столески уште десет поени.
ПЛЕЈ-АУТ ЛИГА
РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 6. КОЛО
Вардар – Охрид 94:62
28.АПРИЛ (НЕДЕЛА)
15.30: Кожув - Навико Академија ФМП
Сала „26.април“ – Гевгелија
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/btdrpvIhOGQ?si=0_JsOxDb0nDfMR7d
ТАБЕЛА: Кожув 36 (-1), Вардар 36, Навико Академија ФМП 33 (-1), Охрид 33;