Во третото коло од битката за опстанок, победи за екипите на Вардар и на Кожув...
ОХРИД – ВАРДАР 72:80
Пресуди третата четвртина, онаа во која гостите од Скопје направија играчи и резултатски пресврт. Односно негативата која ја имаа на полувремето (47:43), ја претворија во водство (68:59).
Иако „пократки“ во ротацијата (не играше стартерот Бајрам), „вардарци“ успеаја да ја одбранат таа позитива во последниот дел од играта во кој двете екипи одигра аи „најсиромашно“ во однос на претјодните три (собра едвај 25.поени).
Извесно е дека без Америкнците Андерсон и Бревер, Охрид не е конкурентен тим дури и за оваа група која се бори за две места кои носат опстанок.
По оваа победа, е појасно дека Вардар станува во игра за еден таков резултат. Ова беше нивна петта победа во 25.одиграни натпревари со која сега се на ист ефект заедно со екипата од Охрид.
До овој успех ги предводеше Фуџет со 29.реализации, Кејс го пратеше со 16, Митков додаде 14, а Атанасов имаше уште 11.
Во охридскиот состав, Димовски и Ибраими дадоа по 12.поени, а Лајонс, освен 11.поени, додаде и 10.скока и 7.асистенции, додека Волканоски го заврши натпреварот со 11.поени.
НАВИКО АКАДЕМИЈА ФМП – КОЖУВ 85:90
По една четвртина си разменија двете екипи во првото полувреме. Навико Академија ФМП ја доби првата со (29:20), а гостите од Гевгелија возвратија во втората со (28:19).
Доволно за егал резултат (48:48) по 20.минути од играта.
Веќе стандардно во преден поентерски план кај екипата од Кисела Вода во овој Плеј-аут сегмент беше Робертс, кој нанижа 16.поени, во таа насока, добро следен од Димитровиќ кој имаше десет (но и седум скока),
На другата страна од теренот, Марковиќ дојде до 14.поени во тоа прво полувреме. Девет поени имаше Миладиновиќ, а еден помалку, еден од најискусните во тимот кој го предводи Апостоли Апостолов - Караколев.
Во продолжение на натпреварот подобра игра на „лавовите“ кои со серија од (13-4) се одвоија на доста солидна позитива (61:52). А на средина од третиот дел, Навико Академија ФМП имаше и двоцифрено водство (65:55).
Но во период од нецели три минути, гостите од Гевгелија симнаа голем дел од тоа водство, намалија на (64:67). А во последниот дел од мечот, Навико Академија ФМП влезе со нешто повисоки (75:70).
Но со нова мини-серија, сега од (7-0), на стартот на четврттата четвртина, Кожув стигна до водство (77:75). А по тројката на Пен, тоа беше уште повисоко (84:79) на 3:33 минути до крајот. Со три поени во еден напад, Димитровиќ намали на (82:84). Но многу важни поени даде младиот Митевски, кој постави (86:82) на точно две минути пред крајот. Период во кој домашните кошаркари не успеаја да поентираат. Од друга страна, казни еден од најискусните, Караџовски, за скоро недостижни (88:82) на 21 секунда пред крајот. За момент, со тројка, надежта на домаќините ја продолжи Пајиќ (85:88). Но Караџовски немаше намера да промаши од линијата за слободни фрлања. Ги погоди и наредните две, за нова победа по која Кожув е веќе недостижен за конкурентите иако до крајот има да се играта уште три кола во Плеј-аут сегментот.
ПЛЕЈ-АУТ ЛИГА
РЕЗУЛТАТИ 3.КОЛО
Охрид – Вардар 72:80
Навико Академија ФМП – Кожув 85:90
ТАБЕЛА: Кожув 33, Охрид 30, Вардар 30, Навико Академија ФМП 30;
ИДНО КОЛО (20/21.АПРИЛ)
Вардар – Кожув
Навико Академија ФМП - Охрид