Екипата на Еуро Никел 2005 е првиот учесник во полуфиналето на плеј-офот. По втор пат во рок од два дена, кавадарчани беа подобри од Гостивар. Сега и на гостински терен, за да ја затворат четвртфиналната серија со брзи (2-0)
ГОСТИВАР - ЕУРО НИКЕЛ 2005 68:74 (0-2)
Кавадарчани беа подобрата екипа во првото полувреме. Но, иако имаа и двоцифрена предност (24:14) во 14.минута од првото полувреме, тоа не им беше доволно и а ја валоризираат во целост.
Му дозволија на домашниот тим во финишот на полувремето да направи серија по која стигна до нерешен резултат (34.34).
Како играа, тоа беше и вистинска премија за гостиварци во тие 20.инути од вториот четвртфинален натпревар од плеј-оф серијата. Лакиќ и Николиќ без изненадување за одбраната на Еуро Никел 2005 во тој дел од играта, која беше сконцентрирана на Костоски и Димчевски. Искомбинираа вкупно 19
Кај составот од Кавадарци, сите што влегоа во игра, освен Мамузиќ, го пронајдоа патот до противничкиот кош. Најмногу, осум поени, даде Караколев.
Не се сменија многу работите, барем во оној резултатски аспект во продолжението од играта во салата „Младост“. Новитет беше што уште двајца домашни кошаркари, Костоски и Тодоровиќ, ја надминаа бројката од најмалку десет поени.
И тоа што по три четвртини играње, гостите од Кавадарци имаа еден поен вишок на своето конто (54:53).
Онаа последната го даде и првиот полуфиналист во годинашниот плеј-оф – Еуро Никел 2005.
Наместо да бидат најдобри, гостиварци беа очајни во четвртината на одлука. Дадоа само девет поени за десет минути домашните кошаркари во финалниот период. Подарок кој искусниот тим на Еуро Никел 2005 и тоа како знаеше да го искористи. И да дојде до првата „четворка“ во плеј-офот која ќе продолжи да се бори за шампионската титула.
Кој ќе им биде противник во полуфиналето, ќе стане јасно по крајот на серијата помеѓу екипите на ТФТ и Работнички. На „половина пат “ до полуфиналето е нашиот најтрофеен тим- Работнички кој води со (1-0) во четвртфиналето.
Но за некоја минута ќе стартува вториот меч од таа серија кој с еигра во СРЦ „Кале“ во Скопје.