25.05.2021

По маестралното издание во „мајсторката“ со Куманово, крилото на МЗТ Скопје Аеродром има најдобри бројки во трката за МВП на плеј-офот

ПЛЕЈ-ОФ-ЧЕТВРТФИНАЛЕ-МАЖИ: Кои се најдобрите играчи по првата елиминациска фаза

ФОТО: Олуфеми Олуџоби (7) во дуел со Глигоријевиќ (Куманово 2009)

Олуфеми Олуџоби го одбележи првиот, четвртфиналниот круг од натпреварите во плеј-офот за шампионската титула.

Крилото на МЗТ Скопје Аеродром дојде до 37.индексни поени во инфаркт-победата против Куманово 2009, со што го задржа континуитетот на одлични изданија во серијата која го промовира тимот од Аеродром во еден од четирите полуфиналисти.

Засега има 75.индексни поени, или во просек, на три меча по 25.0 што го прави лидер во трката за најкорисен играч во доигрувањето за шампионската титула.

По две добри партии прикажа и двоецот на Еуро Никел 2005, Роберт Рикиќ и Данило Мијатовиќ. Во двете средби против Гостивар, високите играчи на екипата од Кавадарци реализираа, во просек, по 22.5 односно 21.5 индексни поени.

Иако одигра три натпревари во серијата со Куманово, на послендито се пожали и на повреда (поточно грчеви во ногата), тоа не му посмета на Дамјан Стојановски да дојде до просечен индекс-21.

Со најкориснито играч на финалниот натпревар во Купот, завршува списокот на играчи со 20 и повеќе индексни поени.

Својата шанса за пробив во горниот дел на наредните мечеви, оние од полуфиналето, кое стартува утре, ќе чекаат Ерик Питс, Филип Бундовиќ (Работнички), Игор Кесар, Бобан Стајиќ (Пелистер), Дарко Соколов (Еуро Никел 2005), Бојан Крстевски (МЗТ Скопје Аеродром).

КАКО ИЗГЛЕДА МОМЕНТАЛНАТА ЛИСТА

ТОП 10

Играч     натпревари     просек-индексни поени

Олуфеми Олуџоби (МЗТ Скопје Аеродром)          3          75       25.0

Роберт Рикиќ (Еуро Никел 2005)        2          45       22.5

Данило Мијатовиќ (Еуро Никел 2005)         2          43       21.5

Дамјан Стојановски (МЗТ Скопје Аеродром)        3          63       21.0

Ерик Питс (Работнички)       2          37       18.5

Игор Кесар (Пелистер)   2          35       17.5

Дарко Соколов (Еуро Никел 2005)    2          34       17.0

Бобан Стајиќ (Пелистер)            2          32       16.0

Филип Бундовиќ (Работнички)           2          32       16.0

Бојан Крстевски (МЗТ Скопје Аеродром)    3          47       15.6