Екипата на Работнички е третиот полуфиналист на плеј-офот. По втор пат на исто место, беше подобра од дебитантот во друштвото на најдобрите, и со брзи (2-0) ја затвори серијата во четвртфиналето.
А „костурот“ на натпреварувањето за противник во полуфиналето им го носи Еуро Никел 2005 кој исто така во два натпревари, беше подобар од Гостивар.
На вториот меч во СРЦ „Кале“...
ТФТ – РАБОТНИЧКИ 80:86 (0-2)
Силен старт имаа „гостите“ на овој меч. Поведе Работнички со (16:6), во 9.минута имаа и (19:9). Потоа и со 22:11), а само тројца поентери имапе во „црвено-белиот“ состав (Питс, Младеновски и Караџовски, пред Мулалиќ да постигне тројка и постави (25:14) на истекот на првиот период од овој втор дуел од четвртфиналето помеѓу „цимерите“ од „Кале“.
Кога Ефремовски ја постигна и шестата тимска тројка, Работнички имаше двојно поголеми (28:14) во однос на ТФТ, во ии редови имаше само тројца странски кошаркари, Смит и Хортон во првата петорка, и Бејли кој ја чекаше својата шанса од клупата.
Далеку поизрамнет беше тој втор период од играта на паркетот во СРЦ „Кале“. Но Работнички не ја испушташе разликата, постојано беше повисока од десет поени. Се до моментото кога со игра „два плус еден“ Смит спушти на (31:40), за првото полувреме заврши со (42:33) во корист на фаворитот.
По скоро идентично сценарио се одвиваа настаните и во второто полувреме. Екипата која ја предводи Димитар Мираковски успеваше да ја оддржи предноста на двоцифрена. Така беше и на истекот на 30.минута (63:53).
Но работите се сменија од почетокот на последните десет минути. Со серија од (11-2), ТФТ конечно се доближи. И тоа сериозно, на само „половина поен“ (64:65).
Ама тоа беше се од „црно-белите“ на овој, сега и дефинитивно, за нив последен меч во премиерната сезона во Првата лига.
Минута молчење за Војислав Зивчевиќ
Непосредно пред одигрувањето на денешните мечеви од четвртфиналето на плеј-офот, сите осум екипи, како и официјалните лица, со едноминутно молчење му оддадоа почит на прерано починатиот Војислав Зивчевиќ, еден од најдобрите македонски кошаркари во изминатите неколку децении.
ПЛЕЈ-ОФ-ЧЕТВРТФИНАЛЕ
РЕЗУЛТАТИ - ВТОР НАТПРЕВАР
Гостивар - Еуро Никел 2005 68:74 (0-2)
Навико Академија ФМП – Пелистер 45:87 (0-2)
ТФТ – Работнички 80:86 (0-2)
Куманово 2009 - МЗТ Скопје Аеродром 99:95 (1-1)