06.06.2021

По осми пат во својата историја, откако и по трет пат по ред беа подобри од Еуро Никел 2005 (89:78) во финалната серија

ПЛЕЈ-ОФ-ФИНАЛЕ: МЗТ Скопје Аеродром е нов шампион!

МЗТ Скопје Аеродром е новиот кошаркарски шампион. Експресно, во само три натпревари, екипата од Аеродром го надигра кавадаречки Еуро Никел 2005. И со максимални (3-0) ја затвори финалната серија на плеј-офот.

За да биде успехот на „сино-белите“ поголем, со третата победа во серијата против големиот ривал во финалето, „металците“ ги обединија двете домашни круни.

По онаа во Купот, ја освоија и шампионската.

МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – ЕУРО НИКЕЛ 2005       89:78 (3-0)

Горан Самарџиев, тренерот на Еуро Никел 2005 направи една промена во стартната петорка. На потфрлањето се појави Перовиќ (на местото на Караколев).

Но таа „проба“ не донесе резултат, напротив...

За само седум минути од првиот период, МЗТ Скопје Аеродром веќе имаше солидни (19:13). Но во последните две минути од првата четвртина, кавадарчани се вратија со серија од (10-2) со која и поведоа (23:21).

Екипата од Кавадарци имаше и плус 6, (33:27) во 14.минута од овој трет меч од финалната серија на плеј-офот. Во голема мерка по одличната соработка на Дубински со Рикиќ, и неколку успешни „влезови“ на Караколев (по осум поени во тој дел од играта со Рикиќ).

Со десеттиот поен на Крстевски, „металците“ се доближија на (38:39) на нецели две минути пред големата пауза. А по неговата четвртта тројка (беспрекорни 6/6 во шутот од поле), домаќинот го врати водството на своја страна (44:41).

Од исто растојание, на другата страна, погоди Мијатовиќ за четири „четворки“ на семафорот. Ги „расипа“, со две слободни фрлања, Олуџоби, за водството на МЗТ Скопје Аеродром, макар и минимално, (46:44).

Но Олуџоби и соиграчите ја продолжија серијата, која во 2:45 минути од третиот период беше (10-2) за прво двоцифрено водство (56:46) на средбата.

Исто таква беше разликата и во последната минута од третата четвртина, кога Мекиќ погоди за (66:56), а Магдевски уште еднаш oд таа позициjа за (69:59).

Да не биде баш така, се погрижи Караколев, кој својата добра игра за заокружи со тројка, за -9 (62:71), на влезот на четвртината на одлука.

Имаа гостите од Кавадарци и негатива од четири поени (72:76), пред Магдевски да погоди уште еднаш за три поени (79:72), на средината на последната четвртина.

Негова трета, а тимска – 11... А кога погоди и Мекиќ, враќање за Еуро Никел 2005 во овј меч немаше.

МЗТ Скопје Аеродром уште еднаш беше подобрата екипа во оваа финална серија!

 

Селекторот Драган Бајиќ на трибините

Овој трет меч од финалната серија од плеј-офот, беше добра прилика и за селекторот на нашата сениорска репрезентација Драган Бајиќ, во друштво на раководството на КФСМ,  во „живо“ да се увери во квалитетите на репрезентативните кандидати, од кои во поголем број се од страната на екипата на МЗТ Скопје Аеродром, барем во изминатиот квалификациски циклус за Евробаскетот 2022

Јасно и поради што ако се знае дека веќе во средината на јули следуваат подготовките за августовските претквалификации за пласмна на Светскиот Куп во 2003 година. а добар дел од актерите веројатно и ќе се најдат на поширокиот список на новиот предводник на нашиот сениорски состав.