Првиот круг од четвртфиналето на плеј-офот покажа дека домашниот терен сепак е „фактор“ на патот кон успехот, односно што подобро место на крајот од сезоната.
Со исклучок на екипата на Еуро Никел 2005 која е приморана да игра надвор од матичната сала „Јасмин“ во Кавадарци (привремено функционира како центар за вакцинација за заштита од Ковид-19), и го победи Гостивар на неутрален терен, во Гевгелија, останатите три екипи кои беа во улога на домаќини, стигнаа до првите победи.
Вечерва е можност за реванш на екипите кои се во заостанување од една победа. Тоа се однесува за Гостивар, кој од 17.часот го пречекува тимот од Кавадарци. Половина час подоцна, (МРТ 3), Навико Академија фМП ќе се обиде уште еднаш да го изненади лидерот во регуларниот дел, Пелистер, кој на првата средба во Битола беше лишен од услугите на тренерот Марјан Илиевски и капитенот Бојан Трајковски.
ТФТ го замени „домаќинството“ со Работнички, веројатно и бојата на дресовите, пред вечерашниот дуел (од 19.часот), во СРЦ „Кале“. Местото каде што во оваа сезона „живеат и работат“ двата четвртфиналисти во плеј-офот.
Од 19.30 часот, пак, во Куманово гостува новиот освојувач на Купот на Македонија, МЗТ Скопје Аеродром во обид да ја затвори серијата и добие некој „слободен ден“ пред евентуалниот пласман во следната фаза.
ПЛЕЈ-ОФ-ЧЕТВРТФИНАЛЕ-ВТОР НАТПРЕВАР
ДЕНЕСКА:
17.00: Гостивар - Еуро Никел 2005
Сала „Младост“ – Гостивар
https://youtu.be/OgJkQPql7Is
17.30: Навико Академија ФМП - Пелистер (МРТ 3)
Сала „Независна Македонија“ – Скопје
https://youtu.be/QTsMGaSK0U4
19.00: ТФТ - Работнички
Сала на СРЦ „Кале“ Скопје
https://youtu.be/zaQLlTCsjWg
19.00: Куманово 2009 - МЗТ Скопје Аеродром
Сала „Перо Наков“ – Куманово
https://youtu.be/s26gvgqqj1U