Со натпреварот помеѓу Струмица и АВ Охрид завршија активностите на прволигашите за овој викенд. Двете екипи се пресметаа за првото место на табелата во Плејаут лигата кој по крајниот исход и припаѓа на екипата на Струмица. Домашниот состав го совлада новајлијата во Првата лига со 79-71 односно 19-12, 19-16, 22-23 и 19-20 по делници
Владимир Брчков, кој изминатиот евроквалификациски циклус изостана од националниот состав поради скината тетива полека, но сигурно се враќа во посакуваната форма. Перо Настев максимално го искористи крилниот кошаркар кој од почетокот на натпреварот се покажа како лидер на тимот. Натпреварот, тој го заврши со 26 реализирани поени, девет скока и четири асистенции, кои во комбинација со двоцифрените Макенаџиев, Стефановски, Јокиќ и Богоев беа и повеќе од доволни за триумф. На спротивната страна расположени за игра беа тројцата странци со кои располага Петар Чочороски за ублажување на поразот.
Стрелци на натпреварот
Струмица: Брчков (24поени), Богоев (11), Макенаџиев (10), Стефановски (13), Јокиќ (15)
АВ Охрид: Брукс (21 поен и 11 скокови), Шејн (14), Милојевиќ (22)