И по осум одиграни натпревари во Првата лига (МАЖИ) за сезоната 2017/2018, Работнички останува без ниту еден пораз. Во рамки на последниот натпревар, со кој се заокружи и осмото коло „центарци“ запишаа уште една победа, овој пат на гостински терен против лутиот градски ривал МЗТ Скопје Аеродром.
Натпреварот изобилуваше со резултатски пресврти на двете страни, но во финишот кошаркарите од клубот од Градски Парк беа посконцентрирани и заверија уште една победа на свото конто.
МЗТ Скопје Аеродром – Работнички 71-76 (17-15, 21-20, 20-19, 13-22)
СТРЕЛЦИ
МЗТ Скопје Аеродром: Симоновски (18поени), Трајковски (6), Стојановски (19), Павличевиќ (7), Спасојевиќ (5), Мајсторовиќ (4), Соколов (2), Мавра (6)
Работнички: Костов (13поени), Гинјард (20), Робинсон (5), Крстевски Б. (16), Николовски (11), Мираковски (7), Чековски (4)