21.12.2021

Но Валенсија загуби од Унион Олимпија на домашен терен (85:97) во Еврокупот

По речиси два месеца, Димитријевиќ се врати на теренот

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ ја санира повредата на задната ложа и заигра на натпреварот меѓу Валенсија и Унион Олимпија во рамките на Еврокупот.

Валенсија одигра лош натпревар и загуби со (85ч97) што е трет пораз за шпанскиот тим во Еврокупот оваа сезона. Од трите порази, два се на домашен терен.

Димитријевиќ помина безмалку 12 минути на теренот, и за тој период постигна пет поени, а имаше и по еден скок, една асистенција и една украдена топка.

Младиот плејмејкер се повреди на 27 октомври, на гостувањето кај Будуќност и поради тоа не беше во можност да заигра за македонската репрезентација во ноемврискиот циклус од квалификациите за Светското првенство во 2023 година.