Нена Трајчевска ја заврши успешно минатата сезона. Со екипата на Бадел 1862 ја освои шампионската титула во домашниот шампионат, а во наредната одново ќе игра надвор од границите на Македонија.
Нов клуб на нашата репрезентативка е шпанскиот второлигаш Понтеведра, третопласиран минатата сезона во оваа конкуренција.
Ова е уште едне интернационален трансфер за нашата искусна кошаркарка. Претходно крилото во напито женски сениорски национален тим, играше во Германија, Србија, Шведска и Турција.
Ова лето, македонскиот шампиона остана без уште една искусна кошаркарка, имено, во странство замина и Александра Стојановска која кариерата ќе ја продолжи во грчкиот прволигаш Евникос.