По двата порази на проверките во Подгорица против репрезентацијата на Црна Гора, овој „продолжен викенд“, нашите млади кошаркари запишаа две победи. Во два наврати беа подобри од соодветната селекција на Словачка.
На вториот меч делувавме и доста убедливо. До вториот плус за време на подготовките нашиот тим „Под 20“ години стигна со одличен почеток и сосема коректна игра во продолжението од „контролата“ во СРЦ „Кале“.
СЛОВАЧКА (У20) - МАКЕДОНИЈА (У20) 54:80
Нашите млади кошаркари имаа фуриозен почеток на втората „контрола“ во СРЦ „Кале“. "Во рок“ од само шест минути игра од првата четвртина, избраниот тим на селекторот Боро Смилковски (во кој недостасуваше Шошкиќ) стигнаа до високо водство од (18:2). До крајот на првиот период нашето водство беше (20:8).
На почетокот на вториот, Македонија имаше имаше и плус од 20.поени (29:9). До пред крајот на полувремето го одржуваме, во 18.минута, беше и (34:15). А пред големиот одмор, односно во последните две минути од првиот дел, Словаците успеаја да симнат мал дел од истото, намалија на (20:36).
Нашите високи играчи како Симиќ и Стојаноски, искомбинираа 17.поени во тие 20.минути.
По тројката на капитенот Симиќ, по четири минути игра од третата четвртина, нашиот младински состав имаше и највисоки (48:26).
Во тој дел од играта во нападот „се појави“ и Бошалески, кој за релативно кратко време се избори и за статус на најефикасен играч во нашата селекција. Дојде до бројка од 14. реализации, исто колку што во тие неполни три одиграни периоди имаше и Симиќ, додека Стојаноски броеше до 11.
Поради тие „причини“, нашата селекција и го „чуваше“ тоа убедливо водство, кое „порасна“ и на уште повисоки, (56:33). А по три одиграни четвртини, Македонија имаше недостижни (59:34), а нашиот расположен „трилинг“ дури 44. од тие 59. реализирани поени.
Некако најизедначено се играше во последната четвртина што не „влијаеше“ на крајниот епилог на оваа четвртта проверка за нашата селекција „Под 20“ години, која за две седмици ќе го почне натпреварувањето од ЕП Дивизија „А“ во полската Гдиња.
На крајот, поентерски гледано, Симиќ заврши си 19.реализации (имаше и шест скока), Бошалески постигна 17, дополнети со исто така, шест скока, додека Стојаноски финишираше со 15.поени, но и по пет скока и исто толку асистенции.