30.04.2017

Победа и над Косово: Репрезентацијата до 15 години не знае за пораз

Македонската репрезентација до 15 години не знае што е тоа пораз. Во рамки на проектот на ФИБА насловен „Заедно до М16“ репрезентативците, денес против Косово, ја запечатија единаесеттата победа и од Букурешт, каде се одржуваше турнирот, се враќаат непоразени со максимален учинок од три победи. Репрезентацијата на Косово немаше шанси против нашите  мотивирани кошаркари кои беа посилни со убедливи 48-83 (10-10, 10-26, 11-30, 17-17).

СТРЕЛЦИ ЗА МАКЕДОНИЈА:
Богдан Стошиќ (4 поени, 3 скока, 1 асистенција, 2 украдени топки)
Марко Миловановиќ (22 поени, 10 скокови, 1 асистенција, 5 украдени топки)
Јован Цветков (5 поени, 4 сокови)
Бранко Шуменковски (3 поени, 4 скокови, 1 асистенција)
Стефан Јовановски (6 поени, 3 скокови, 3 асистенции, 5 украдени топки)
Лука Савичевиќ (22 поени, 2 скока)
Славко Трајковски(8 поени, 2 скока, 3 украдени топки)
Давид Наумовски (3 поени,4 скокови и 2 украдени топки)
Драго Стојмановски (1поен, 4 скокови и 2 украдени топки)
Марко Величковски (7 поени и 5 скокови, 2 асистенции и 5 уркадени топки)
Кристијан Столески (2поени, 6 скокови, 1 асистенција и 3 украдени топки)

 

*Фотографиите во галеријата, како и насловната се на Алина Којокару.