25.06.2019

Победа и пораз на јуниорите на двомечот против Полска

Јуниорската машка репрезентација вчера и денеска ги одигра првите пријателски натпревари во рамки на подготвителниот период во пресрет на Европското првенство (дивизија Б) за кошаркари до 18 години кое ќе се одигра кон крајот на месец јули во Орадеа, Романија.

Репрезентативците до 18 години, предводени од Тони Симиќ и неговите стручни соработници, првите пријателски натпревари ги одиграа против соодветната национална селекција на Полска во Скопје и запишаа една победа и еден пораз.

За избраниците на Симиќ следи краток период за рехабилитација, па заминување за Подгорица на пријателски двомеч. Потоа следат пријателски натпревари против Бугарија на гостински терен во Благоевград. Кон средината на месец јули јуниорите ќе се натпреваруваат на турнир во Скопје пред да заминат во Бугарија на уште еден пријателски турнир. Неколку дена пред почетокот на првенството, јуниорите ќе заминат за Романија на пријателски натпревари со организаторот на јуниорското европско првенство (дивизија Б).

СТАТИСТИКА ВО ЖИВО

Натпревар 1 Северна Македонија - Полска 61-58
Натпревар 2 Полска - Северна Македонија 76-55