28.07.2021

Во неизвесна завршница селекцијата „Под 16“ беше за два поени подобра од источните соседи (65:63)

Победа на кадетките против Бугарија

Нашата женска кадетска селекција стигна до првиот успех во подготвителниот период. Во првиот од двата предвидени натпревари во Крива Паланка ја совлада соодветната селекција на Бугарија

МАКЕДОНИЈА – БУГАРИЈА         65:63

Доста изедначен дуел беше оној вечерва во салата „Бранители“. Натпревар  во кој нашата женска кадетска селекција имаше постојано водство.

На истекот на првата четвртина беше (20:16), а иста беше разликата и по три одиграни периоди (45:41).

Во последниот дел од играта, избраничките на селекторот Никола Златев го одбранија тешко стеченото водство, и стигнаа до позитивен резултат.

Двете селекции, утре изутрина од 9.30 часот, ќе го одиграат и вториот контролен меч во Крива паланка каде нашите девојчиња се подготвуваат за настап на ФИБА „Челенџер“ турнирот кој ќе се одржи од 9. до 14. август во главниот град на Грузија – Тбилиси.