Екипите на АВ Охрид, Куманово, Фени Индустри и Кожув во рамки на последното, 14. коло, од првиот дел на сезоната запишаа победи над Вардар односно Струмица, Работнички и над Пелистер. Со одигрувањето на овие четири натпревари заврши регуларниот дел на сезоната, а според финалниот пласман на табелата четирите најуспешни екипи, заедно со МЗТ Скопје Аеродром и Карпош Соколи од идната седмица ќе се натпреваруваат во Суперлигата.
АВ Охрид успеа да ја забележи четвртата победа во домашното првенство триумфирајќи над Вардар со 80-93 односно 13-28, 23-17, 18-25 и 26-23 по делници. Двете екипи максимално се бореа на теренот за да го забележат последниот триумф во регуларниот тек на сезоната. И покрај победата на АВ Охрид, „галебите“ со 19 вкупно освоени поени се стационираат во долниот дел на табелата во домашното првенство односно под линијата над која екипите одат во Суперлигата.
Стрелци на натпреварот:
Вардар: Калов (25 поени), Србиновски (19 поени), Шалев (10 поени)
АВ Охрид: Брукс (32 поени), Михајловски (15 поени), Шејн (11 поени), Милојевиќ (14 поени), Донески (14 поени)
Вицешампионот Куманово фуриозно го започна натпреварот на гостински терен кај Струмица и веќе во првиот дел од натпреварот речиси ја осигура победата. Струмица ја забрза играта во вториот дел, избраниците на Перо Настев беа попрецизни зад линијата за три поени отколку гостинот и се доближија на само еден поен негатива (54-55) на крајот на третиот период. Кумановци знаеја како да го искористат уморот на домаќините од брзата игра во третата четвртина, па со мирна игра во преостанатите десет минути стигнаа до нов триумф од 62-79 (17-24, 11-17, 26-14, 8-24)
Стрелци на натпреварот:
Струмица:Јокиќ (20 поени), Стефановски (15 поени), Макенаџиев (12 поени)
Куманово: Мијатовиќ (26 поени), М. Пековиќ (17 поени), Живановиќ (15 поени)
Во дербито на врвот поуспешни беа кошаркарите на Фени Индустри кои во финишот на натпреварот против Работнички преку пенали успеаја да ја запишат 12. победа во регуларниот дел од сезоната и да се стационираат на првото место на табелата. Возбудливиот натпревар заврши со резултат 83-86 (24-23, 17-21, 25-23, 17-19) во корист на гостите од Кавадарци.
Стрелци на натпреварот:
Работнички: Чековски (19 поени), Николиќ (14 поени), Мираковски (17 поени), Тасовски (30 поени)
Фени Индустри: Стајиќ (19 поени), Ѓекиќ (23 поени), Чешковиќ (11 поени), Николовски (12 поени).
Кожув се качи на ’последниот воз’ за пат кон Суперлигата како четвртопласиран на табелата во регуларниот дел од сезоната. Гевгеличани триумфираа над Пелистер со 83-71 (15-15, 21-16, 27-17, 20-23) и го задржаа четвртото место на табелата кое е последното што обезбедува пласман во Суперлигата.
Стрелци на натпреварот:
Кожув: Димчевски (23 поени), Ѓурасовиќ (14 поени), Хал (16 поени)
Пелистер: Фил (25 поени), Андрејевиќ (13 поени), Анакиевски (11 поени)