11.06.2022 Деновиве во Маврово вредно работат 60 талентирани кошаркари и кошаркарки, кандидати за У13 селеккциите во периодот (2022-2024) Вкупно 60 талентирани кошаркари и кошаркарки од вчера се наоѓаат Маврово поделени во две возрасни категории 2009 и 2010 година, на седумдневен кошаркарски камп во организација на КФСМ. Кампот е дел од проектот „Заедно до 16“ кој успешно се имплементира речиси една деценија. Програмата ја водат 12 тренери на кои Федерацијата ќе смета во претстојниот период. Од поискусните тренери носители од минатата сезона се Едина Муса и Владимир Мирковски чии селекции кошаркари, родени 2009 ги очекуваат пет силни турнири во сезоната 2022/2023 во Турција, Романија, Бугарија и Косово. Список на тренери: Едина Муса Александра Стојановска Сања Костова Жаклина Стојановска Сања Богоески Ера Пајазити Владимир Мирковски Мико Голубовиќ Дарко Петковски Тео Митевски Дамјан Саздов Фаик Мифтари