21.10.2021

Претстојниот викенд, вкупно 31. екипи, поделени во четири групи, ќе ги започнат натпреварите во оваа возрасна категорија

Почеток на натпреварите во М16 лигата

По доставениот список од канцеларијата на КФСМ за регистрација на своите кошаркари во оваа категорија пријавени се вкупно 31. екипа и истите ќе бидат поделени во Прва и Втора лига, која ќе има три групи, Исток, Запад и Скопје.

ПРВА ЛИГА:  РАБОТНИЧКИ, ФЕНИКС 2010, ВАРДАР, МЗТ СКОПЈЕ А., Н. А. ФМП, ГОСТИВАР, ВОДНО САНС, ЧАИР 2030

ВТОРА ЛИГА ИСТОК:  ДИНО БАСКЕТ, КУМАНОВО, КОЖУВ, ВОДНО САНС 2, ВАРДАР 2014, ФЕНИКС 2010 2, БАСКЕТ КАМ, РОЛИНГ

ВТОРА ЛИГА ЗАПАД: ЦРН ДРИМ, СПОРТИСИМО, ЈУНИОР Б. БИТОЛА,  ПЕЛИСТЕР, МЕГА БАСКЕТ, ЕУРО НИКЕЛ 2005, ЈАСМИН 95

ВТОРА ЛИГА СКОПЈЕ: АНГЕЛИ, ШКУПИ, ТФТ, ВИБАС, ТЕТОВА БУЛС, МКК КУМАНОВО, РИНИА, БОРЕЦ

ПРВА ЛИГА

Лигата ќе биде составена од осум екипи, земајки го во предвид пласманот на екипите од претходната натпреварувачка сезона во категоријата (М-16).

Натпреварите ќе се одиграат по двокружен бод систем, секој со секого, односно 14. кола, по одигрување на натпреварите од 14. кола, натпреварувањето ќе биде продолжено со ОРОЛОЏО систем односно дополнителни осум кола.

По одигрување на натпреварите од првата фаза 21. коло и добивањето на конечниот пласман од 1-8, натпреварувањето продолжува на следниот принцип.

ВТОРА ФАЗА

Првопласираните четири екипи од Прва лига во разигрувањето од прв круг се слободни. Второпласираните четири екипи од Прва лига односно екипите кои се пласирани на 5,6,7 и 8 место ќе разигруваат со првопласираните четири (04) екипи добиени по ОРОЛОЏО системот од Втора лига по следниот систем:

РАЗИГРУВАЊЕ (прв круг):

1 нат: П5 – В4

2 нат: П6 – В3

3 нат: П7 – В2

4 нат: П8 – В1

* (П) Прва лига, (В) Втора лига

Натпреварите се играат во два добиени натпревари по систем домаќин–гостин-домаќин, при што првоименуваната екипа е домаќин на првиот натпревар. Победниците од разигрувањето се пласираат во четвртфинале и ќе разигруваат по следниот принцип.

ТРЕТА ФАЗА

ЧЕТВРТФИНАЛЕ:

А нат: Првопласиран П1 – Победник од 4 нат,

Б нат: Второпласиран П2 – Победник од 3 нат,

В нат: Третопласиран П3 – Победник од 2 нат,

Г нат: Четвртопласиран П4 – Победник од 1 нат,

Натпреварите се играат во два добиени натпревари по систем домаќин–гостин-домаќин, при што првоименуваната екипа е домаќин на првиот натпревар. Победниците од четвртфиналните натпревари се пласираат на финалниот турнир за категорија М-16 (мажи) и ќе разигруваат за државен првак за натпреварувачка сезона 2021/2022.

ФИНАЛЕН ТУРНИР

ПОЛУФИНАЛЕ:

ПФ - 1: Победник од нат.-А со Победник од нат.-Г,

ПФ - 2: Победник од нат.-Б со Победник од нат.-В,

Поразените екипи ќе одиграат натпревар за трето место, а победниците од натпреварите ќе го одиграат финалниот натпревар за државен првак за 2021/2022 година.

ВТОРА ЛИГА

Лигата ќе биде составена од три групи (исток 8 екипи, запад 7 екипи, Скопје 8 екипи) согласно пласманот на екипите од претходната натпреварувачка сезона во категоријата (М-16) и новопријавените екипи за следнава натпреварувачка сезона.

Натпреварите ќе се одиграат по двокружен бод систем, секој со секого, односно, Исток (14.кола), Запад (14. Кола) и Скопје (14 кола).

По одигрување на натпреварите од 14. кола, натпреварувањето ќе биде продолжено со ОРОЛОЏО систем, односно дополнителни седум кола за прво пласираните две екипи од групите Исток, Запад и Скопје.

Tрите најдобро трето пласирани од трите групи ќе одиграат дополнителен турнир по принципот секој со секого за последните две места кои водат во разигрувањето.

По одигрување на натпреварите од првата фаза и добивањето на конечниот пласман вкупно четири екипи од Втора лига, натпреварувањето продолжува на следниот принцип.

ВТОРА ФАЗА

Првопласираните четири екипи ќе се пласираат за понатамошно разигрувањe, додека второпласираните четири екипи од Прва лига односно екипите кои се пласирани на 5,6,7 и 8 место ќе разигруваат со првопласираните четири екипи добиени по ОРОЛОЏО системот од Втора лига по следниот систем:

РАЗИГРУВАЊЕ:

1 нат: П5 – В4

2 нат: П6 – В3

3 нат: П7 – В2

4 нат: П8 – В1

* (П) Прва лига, (В) Втора лига

Натпреварите се играат во два добиени натпревари по систем домаќин–гостин-домаќин, при што првоименуваната екипа е домаќин на првиот натпревар. Победниците од разигрувањето се пласираат во четвртфинале и ќе разигруваат по следниот принцип.

ТРЕТА ФАЗА

ЧЕТВРТФИНАЛЕ:

А нат: Првопласиран П1 – Победник од 4 нат,

Б нат: Второпласиран П2 – Победник од 3 нат,

В нат: Третопласиран П3 – Победник од 2 нат,

Г нат: Четвртопласиран П4 – Победник од 1 нат,

Натпреварите се играат во два добиени натпревари по систем домаќин–гостин-домаќин, при што првоименуваната екипа е домаќин на првиот натпревар. Победниците од четвртфиналните натпревари се пласираат на финалниот турнир за категорија М-16 (Мажи) и ќе разигруваат за државен првак за натпреварувачка сезона 2021/2022.

ФИНАЛЕН ТУРНИР

ПОЛУФИНАЛЕ:

ПФ - 1: Победник од нат.-А со Победник од нат.-Г,

ПФ - 2: Победник од нат.-Б со Победник од нат.-В,

Поразените екипи ќе одиграат натпревар за трето место, додека победниците од натпреварите ќе го одиграат финалниот натпревар за државен првак за 2021/2022 година.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ ВО М-16-МАЖИ-ПРВА ЛИГА

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ ВО М-16-МАЖИ-ВТОРА ЛИГА-ИСТОК

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ ВО М-16-МАЖИ-ВТОРА ЛИГА-ЗАПАД

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ ВО М-16-МАЖИ-ВТОРА ЛИГА-СКОПЈЕ