15.02.2021

Првото првенствено коло во М 18 лигате е предвидено да се одигра на 27. февруари

Почеток на натпреварите во младинските лиги

Поради ситуацијата со Covid 19, младинските лиги (мажи и жени) за сезона 2020/2021 беа одложени за извесен временски период, и ќе стартуваат од овој месец.

Сите натпревари ќе се одигруваат според Протоколот за Covid 19, пропишан од Владата на РМ, и приспособен од страна на федерацијата.

Првото првенствено коло, во М18 конкуренцијата (мажи) ќе се одигра на 27. февруари. Она во М16 на распоредот е на 6.март, додека  во М14 лигата во машка конкуренција е предвидено за 20.март.

СИСТЕМ ЗА НАТПРЕВАРУВАЊЕ и РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ за сезоната 2020/2021- мажи

СИСТЕМ ЗА НАТПРЕВАРУВАЊЕ и РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ за сезоната 2020/2021- жени