22.10.2021

Вкупно 17.екипи, поделени во две групи, ќе се борат за две места кои водат кон повисок ранг на натпреварување

Почеток на натпреварите во третата лига

Овој викенд ќе почнат и натпреварите во третото според квапитет натпреварување – Третата лига-мажи. Натпреварување во кое за две места во повисокиот ранг ќе се натпреваруваат вкупно 17. екипи.

Системот за натпреварување во Третата лига мажи за сезоната 2021/2022 година беше детерминиран врз база на успехот во сезоната 2020/21 година и пријавените екипи за сезоната 2021/22.

Пријавените, вкупно 17. екипи во оваа натпреварувачка сезона, во првиот дел ќе играат во две одвоени натпреварувачки групи.

Група „А“, која е составена од осум екипи-учесници: Баскет Дино, Крива Паланка, Младинец, Ролинг, Спорт Тим, Куманово, Спарта, Вардар;

Група „Б“ која брои девет екипи: Мега Баскет, Пробаскет, Риниа, Тетова Булс, Дибра Иглс, МКК Куманово, Албес, ИБА Баскет, Работнички

Во првиот дел од натпреварите, ќе се игра по двокружен бод систем - ФИБА-БЕРГЕР. Односно 18. кола за Група „А“ и 14. кола за група „Б“, по принцип секој со секого, односно еднаш дома, еднаш на гости.

Вториот дел од ова натпреварување е плеј-офот во кој, четирите најдобро пласирани екипи од Групата „А“, разигруваат со четири најдобро пласирани екипи од Групата „Б“, за титула првак на С.Македонија во третата лига по принципот – „подобар од три“, или во два добиени натпревари.

Четвртфиналето се игра во два добиени натпревари од најмногу три можни натпревари, по следниот распоред:

Двојка 1: (И1-З4), (З4-И1), (И1-З4);

Двојка 2: (З1-И4), (И4-З1), (З1-И4);

Двојка 3: (И2-З3), (З3-И2), (И2-З3);

Двојка 4: (З2-И3), (И3-З2), (З2-И3).

*И - Исток, З - Запад

Полуфиналето се игра во два добиени натпревари од најмногу три можни натпревари, по следниот распоред

Победник двојка 1: (И1-З4), (З4-1И), (И1-З4) - Победник двојка 4: (З2-И3), (И3-З2), (З2-И3)

Победник двојка 2: (З1-И4), (И4-З1), (З1-И4) - Победник двојка 3: (И2-З3), (З3-И2), (И2-З3)

Победниците од полуфиналните натпревари, односно двојка 1 и двојка 4, како и двојка 2 и двојка 3, ќе играат финален натправар за прво место во Трета лига за сезона 2021/22. Победниците од двојките 1 и 2 се пласираат во Втората лига мажи за сезона 2022/23 година.

Поразените од двојка 1 и двојка 2 играат за трето и четврто место во третата лига мажи за сезона 2021/22 година.

Првото коло од групата „Б“ ќе се игра овој викенд, додека една недела подоцна, на 30. октомври, ќе започне и натпреварувањето во групата „А“

ТРЕТА ЛИГА-МАЖИ – ГРУПА „Б“

ДВОЈКИ 1. КОЛО

САБОТА:

14.00: ИБА БАСКЕТ – РАБОТНИЧКИ

Сала СРЦ „Кале“ - Скопје

14.00: ТЕТОВА БУЛС – ДИБРА ИГЛС

Сала „Медицинско“ – Тетово

НЕДЕЛА:

13.00: ПРОБАСКЕТ – РИНИА

Сала „Партизан“ - Кавадарци

 

19.00: МКК КУМАНОВО – АЛБЕС

Сала „Перо Наков“ - Куманово