Викендов кој е пред нас е резервиран и за почеток на натпреварите во Втората лига-мажи. Натпреварување кое во периодот на паузата донесе измени, пред сè, во изборот на екипите, вкупно 12, кои ќе се борат за местата кои водат во повисокиот ранг на натпреварување – оној елитниот.
Системот за натпреварување останува непроменет. Односно по 22. одиграни кола, првопласираните осум екипи влегуваат во плеј-офот, во кој најдобрите две ќе се стекнат со статусот на прволигаш.
„Нови“ членови во оваа конкуренција се ланските прволигашки екипи, МЗТ Скопје Уни Банка и Ангели, како и двете најдобри во третолигашкото натпреварување, Работнички 2018, односно МКК Куманово.
Предвидувањата се дека оваа сезона, за разлика од некои претходно, ќе биде можеби и најизрамнетата околу давање на одговор кои екипи би можеле да ја понесат со себе низ првенството улогата на фаворит.
Првиот круг од натпреварите носи неколку интересни средби...
Скопската пресметка помеѓу некогашните прволигаши, Вардар и Ангели, ќе се игра во сабота, од 16.часот „Под Кале“. Ден подоцна, од 12.30 часот, во „Градски парк“, пак ќе играат довчерашните третолигаши, екипите на Работнички 2018 и МКК Куманово. А од 17.часот во Велес, Борец Баскет е домаќин на Баскет Кам.
ВТОРА ЛИГА-МАЖИ
ДВОЈКИ 1. КОЛО
15. ОКТОМВРИ (САБОТА):
14.00: МЗТ Скопје Уни Банка – Соколи 1933
Сала на СРЦ „Кале“ – Скопје
15.30: Црн Дрим – Шкупи
Сала на СЦ „Тими“ – Струга
16.00: Вардар – Ангели
Сала на КК „Вардар“ - Скопје
17.00: ГКК Охрид – Водно Санс
Сала „Билјанини извори“ - Охрид
16. ОКТОМВРИ (НЕДЕЛА):
12.30: Работничи 2018 – МКК Куманово
Сала „Градски парк“ – Скопје
17.00: Борец Баскет – Баскет Кам
Сала „Гемиџии“ - Велес